nedostatok na elektricna energija

КАКВА ГЛУПОСТ: БРИТАНЦИТЕ ЌЕ БАРААТ ОД ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ГАСАТ СВЕТЛАТА ЗА ДА ЈА НАМАЛАТ ТЕМПЕРАТУРАТА

Британската администрација би можела да побара од граѓаните да ја намалат температурата на термостатот во нивните домови и да ги исклучат светлата за да се избегнат прекини во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата, беше предвидено во плановите за вонредни состојби на владата, објавено во весникот „Телеграф“.

Весникот пишува дека плановите вклучуваат и повици за помала потрошувачка на енергија, откако ЕУ препорача дека е неопходно да се намали потрошувачката на гас за 15 проценти почнувајќи од следниот месец поради намалувањето на испораките преку гасоводот Северен тек од Русија.

„Телеграф“ наведува дека пораките за потребата од намалување на потрошувачката на енергија треба редовно да се емитуваат на радио, телевизија и на социјалните мрежи.

„Меѓу можните мерки за да се избегнат прекините на електричната енергија би можел да биде и договор меѓу британскиот енергетски оператор National Grid, според кој компанијата би плаќала компензација на поголемите потрошувачи за прекини на струја за да се избегнат исклучувања на други места“, наведува „Телеграф“.

„Националната мрежа“ побара од електродистрибутивните компании да им платат на граѓаните за да ги мотивираат да го менуваат времето на шпицот на потрошувачката при посилни налети на ветерот и да го намалат во други прилики. Сепак, двата енергетски гиганти „Бритиш гас“ и „Шек“ најавија дека зимава не планираат исплати на домаќинствата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!