марина овсјаникова

Каква казна доби руската новинарка која синоќа упадна во програмата на Првиот канал со антивоен транспарент?!

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал со антивоен транспарент, попладнево беше изведена пред суд. Помина само со парична казна од околу 250 евра.

Марина Овсјаникова, која вчера упадна во тв-програмата на руската државна телевизија со транспарент против војната во Украина доби парична казна од 30.000 рубљи или околу 250 евра, за организирање неовластен јавен настан. Овсјаникова беше приведена по протестот, а претходно беше и пријавена за исчезната од адвокатите кои рекоа дека ја барале цела ноќ.

И Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „Франција е подготвена да и понуди „конзуларна заштита“ на руската новинарка, или во амбасадата или со давање азил. За храброста, Овсјаникова доби оддршка и од Европската комисија.

„Ќе почнеме дипломатски напори со цел да и понудиме заштита, или во амбасадата, но и заштита преку азил. Ќе имам шанса на некој од моите следни разговори со претседателот Путин да го предложам ова решение на многу директен и конкретен начин,“ рече Макрон.

Во меѓувреме на Телеграм каналот на нејзиниот адвокат Антон Гашински сподели заедничка фотографија со Овсјаникова во судот.

Нејзината постапка од Кремљ беше окарактеризира како Хулиганство.

Транспарентот на кој пишување „Не на војна, запрете ја војната, не верувајте на пропагандата, ве лажат тука“, со кој Марина застана зад водителката на вечерните вести, беше видлив неколку секунди, пред програмата да биде прекината. Таа претходно снимила и видео порака во која вели дека се срами од работата на Првиот канал.

„За жал, работев на ‘Канал еден‘ во изминатите години, работев на пропагандата на Кремљ и се срамам што си дозволив да кажувам лаги преку телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да бидат претворени во зомбиња. Молчевме во 2014 кога сето ова започна и не протестиравме кога Кремљ го отру Навални“ изјави руската новинарка Марина Овсјаникова.

Претседателот на Украина во синоќешното обраќање им се заблагодари на Русите кои што се борат против лажните вести за војната во Украина.

„На сите кои се борат против дезинформациите, ја кажуваат вистината и фактите помеѓу себе, меѓу пријателите и своите блиски и лично на жената што влезе во студиото на телевизија „Канал еден“ со постер против војната. И на сите кои што не се плашат да протесираат, се додека вашата земја комплетно не се исклучи од остатокот од светот претворајќи се во една голема Северна Кореја, морате да се борите додека не се загубени сите шанси“, рече Володимир Зеленски, Претседател на Украина