референдум хрватска

КАКВА ВЕСТ! РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ KOBИД СЕРТИФИКАТИТЕ ВО ХРВАТСКА !!!

Кога притисокот од властите за присилна вакцинација на своето население, низ целиот свет го достигнува својот максимум, вакви вести од нашето соседство несомнено претставуваат своевидно светло на крајот на тунелот.

Во Хрватска од саботата, во организација на десничарската партија Мост започна собирање на потписи за референдум за укинување на ковид сертификатите во државните и јавните институции.

За да се организира референдумот, во следните две недели, до 18 декември, потребно е да се соберат околу 370.000 потписи од граѓаните.

Доколку тоа се случи, граѓаните во рок од 30 дена би решиле дали да ги укинат ковид сертификатите за влез во јавните и државните институции, но и да ги префрлат надлежностите од Националниот штаб за цивилна заштита, кој моментално ги носи епидемиолошки мерки (слично на нашата Комисија за заразни болести), на Собранието.

Потписи се собираат на околу 1.200 места низ Хрватска.

Знаејќи го фактот дека токму Хрватска беше земјата каде минатата недела се одржа можеби најголемиот анти-ковид протест, на кој во центарот на Загреб присуствуваат над 70.000 луѓе, се чини дека потписите ќе бидат и тоа како лесно собрани.

“Мост не е против мерките, но бараме тие да бидат конзистентни, епидемиолошки засновани и недискриминаторски,” изјави пратеничката од партијата Мост, Марија Селак Распудиќ.

Според неа, алтернатива на ковид сертификатите би било тестирање на ранливите групи во сите институции и почитување на епидемиолошките мерки кои не вршат дискриминација и сегрегација на невакцинираното население.

Инаку, да потсетиме, по минатонеделниот протест, полицијата пред неколку дена го уапси еден од хероите на демонстрантите, Марко Францишковиќ, акт кој се чини, уште повеќе го заврте народот против репресиите на извршната власт во земјата.

Да се надеваме и да повикаме и Република Македонија да го следи хрватскиот пример за организирање на референдум за укинување на дискриминаторските мерки и ковид сертификатите кои вршат група поделба во македонското, и онака поделено, општество.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!