петиција канада

КАНАДСКИ ДОКТОРИ И НАУЧНИЦИ ПОКРЕНАА ПЕТИЦИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИВЕРМЕКТИНОТ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА KOBИД-19! ДАЛИ Е БЕЗБЕДЕН И КОЛКУ ШТИТИ?

Петицијата досега брои 20.000 потписи, а отворена е за потпишување до 25 декември. Покрената е од страна на д-р Kanji Nakatsu, професор по медицина, биомедицински и молекуларни науки при Универзитетот Квинс, Онтарио, Канада.

Во петицијата до владата на Канада, меѓу другото, се вели:

  • Ефикасноста на вакцината се намалува со текот на времето, делумно поради новите варијанти, правејќи ги сите луѓе подложни на вирусот САРС КоВ2;
  • И вакцинираните и невакцинираните луѓе со ковид-19 имаат бенефит од раниот третман;
  • Ивермектинот се покажа како исклучително ефикасен за превентива (околу 86% помалку случаи) и третман (околу 68% помалку смртни случаи), според податоците на Британскиот развоен панел за препорака на ивермектинот.
  • Ивермектинот се покажа како многу безбеден; една третина од светското население зема ивермектин за превенирање на различни паразитски инфекции; од 1992 до септември 2021 преку СЗО/VigiAccess pharmacovigilance се пријавени само 16 смртни случаи и 5663 несакани реакции;
  • Неколку држави или региони, вклучувајќи ги: Бангладеш, Белизе, Бугарија, Египет, Индија, Јапонија, Нигерија, Перу, Португалија, Словачка, Јужна Африка, го одобрија ивермектинот (често без рецепт);
  • Ивермектинот е веќе одобрен во Канада за анти-паразитска употреба и е генерички лек што не е воопшто скап;
  • Ивермектинот е еден од кандидатите што може да обезбеди заштита и превенција од ковид-19.

“Ние, долупотпишаните доктори, научници и други загрижени граѓани на Канада, ја повикуваме Владата итно да ги разгледа доказите во прилог на ивермектинот и да размисли да го стави ивермектинот на располагање до сите Канаѓани веднаш, правејќи го достапен директно во аптеките.”

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom