ЌЕ ПРАЌАМЕ ЛИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА?! КОВАЧЕВСКИ: КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ АКТИВНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО СИТЕ АКТИВНОСТИ НА АЛИЈАНСАТА

ЌЕ ПРАЌАМЕ ЛИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА?! КОВАЧЕВСКИ: КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ АКТИВНО ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО СИТЕ АКТИВНОСТИ НА АЛИЈАНСАТА

„Пред точно две години ја остваривме една од стратешките цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО алијансата. Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука,“ порача премиерот Димитар Ковачевски.

„Во овие неизвесни времиња, кога целиот свет се грижи иднината и безбедноста, Македонија е дел од најмоќниот воено политички сојуз кој го гарантира нашиот територијателен интегритет и сигурност.

Членството во алијансата е многу повеќе од гарантирана безбедност и заштита на нашите граѓани. Да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите стандарди на цивилизираниот свет, како заштита на човековите права, солидарност меѓу народите и унапредување на демократијата.

Како членка на НАТО ќе продолжиме активно да учествуваме во сите активности на Алијансата и да го градиме сојузништвото со нашите партнери. Оваа определба значи долгорочен развој за нашата земја и сигурна иднина за нашите деца.

За крај, денес се потсетуваме дека одлуките кои владата на СДСМ ги донесе беа визионерски и во најдобар интерес на граѓаните. Со храбри и одлучни чекори продолжуваме и понатаму затоа што политиката е лидерство и одговорност за иднината на сопствените граѓани,“ напиша Ковачевски на Фејсбук.

Дали истово значи дека во случај НАТО да донесе одлука за ииспраќање на војници во Украина, македонските синови ќе гинат во борба против руската армија?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!