klimatski promeni kina amerika

КИНА ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СО ВАШИНГТОН

Специјалниот претставник на САД за климатски промени Џон Кери изрази разочарување поради кинеската суспензија на соработката за климатските промени.

Кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека Пекинг ги прекинал разговорите со Вашингтон за прашањата за климатските промени, како и соработката во некои области, вклучително и одбранбените комуникации, како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван.

Од првиот ден, САД јасно ставија до знаење дека нашиот ангажман за климата со Кина мора да остане одвоен од другите сложени прашања со кои се соочуваат нашите земји.

Има едноставна причина за ова: ние сме двете најголеми економии и најголемите емитери, а последиците ќе ги сноси целиот свет ако не успееме заедно да преземеме климатски мерки – напиша Кери на Твитер.

Односите меѓу Вашингтон и Пекинг значително се влошија во последните денови поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван, која се одржа и покрај приговорите на Народна Република Кина.

Кина во неколку наврати ја предупреди американската страна дека, доколку се случи патувањето, тоа нема да остане без последици и дека ќе повлече остри мерки.

Набргу откако Пелоси пристигна на островот, Кина најави почеток на воени вежби во неколку области околу Тајван.

Се чини дека Кина навистина веќе престанува да молчи…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!