КЛИМАТСКАТА ПОЛИТИКА Е МНОГУ ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

КЛИМАТСКАТА ПОЛИТИКА Е МНОГУ ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Автор: Мајк Шедлок од MishTalk.com

Се готви глобална финансиска криза. Најлесно е да се бара жртвено јагне во Путин. Најголемиот проблем е политиката, каде и да погледнете…

Несоодветна климатска политика

Одлуката на Германија да ги затвори своите нуклеарни реактори пред да има замена за нивната енергија, е сеуште во игра. Во април, тогашниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, се пофали дека неговата Стратегија за енергетска безбедност ќе „донесе чиста, достапна, сигурна енергија за луѓето и за генерациите што доаѓаат“. Во САД, Калифорнија маршира напред, со благослов на претседателот Бајден, со своите смешни цели за електричните автомобили без да има било каква идеја од каде ќе доаѓаат минералите и рудниците за нивните батерии.

Глобална криза на Политиката за климата

Волстрит журнал ја коментира претстојната глобална криза на климатската политика. Кризата не доаѓа, таа е веќе тука, и веќе е очигледна. Федералната Банка, Банката на Англија и Европската Централна Банка, меѓу другите, сакаат да знаат како глобалните температурни варијации отсега може да влијаат на капиталот на Citi или Barclays или Deutsche Bank и размислуваат за ризикот денес. Во мода е квантифицирање и пресметување, со чудна лажна прецизност, на трошоците за (ре-)осигурување на ризиците од поплави или пожари, или намалените корпоративни профити од дистописката пожешка иднина. Па, ако барате „климатски ризик“ за финансиската стабилност, погледнете околу себе. Пристигна, иако на сосема спротивен начин од она што го предвидуваа нашите еко-финансиери. Неволјите на Европа раскажуваат приказна која наскоро би можела да стане премногу добро позната и во САД.

Обединетото Кралство може да се соочи со бран на деловни банкротства што го надминуваат сето она што беше посведочено за време на паниката и рецесијата по 2008 година. Околу 100.000 фирми би можеле да бидат принудени на банкрот во наредните месеци, предупреди оваа недела консултантската компанија за стечај Red Flag Alert. Ова се инаку здрави фирми со најмалку 1 милион фунти годишен приход. Деловните неуспеси од оваа големина ќе ги засенат приближно 65.000-те фирми што престанаа да постојат од 2008 до 2010 година.

Работите се веројатно полоши во Германија, најголемата економија во еврозоната. Околу 73% од малите и средни претпријатија во едно истражување изјавија дека чувствуваат силен притисок од цените на енергијата, а 10% од нив велат дека веруваат дека се соочуваат со „егзистенцијални“ закани за нивните бизниси во следните шест месеци. А таа анкета, од здружението за мали бизниси БМД, е оптимистичката. Едно друго истражување објавено оваа недела од BDI, голема индустриска асоцијација, покажа дека 34% од испитаниците ги опишуваат цените на енергијата како „егзистенцијален предизвик“. Деловните неуспеси ќе ги брануваат проблемите нагоре и надолу – преку синџирите на снабдување, и брзо ќе стигнат и до банките.

Дали некој знае што точно ќе значи нешто од ова за финансискиот систем? Се разбира не. Никој сериозно не се потрудил да ги „стрес-тестира“ катастрофалните зголемувања на цените на енергијата, иако Банката на Англија тврди дека го моделирала економското влијание од дозволувањето на глобалните температури да се зголемат за 3,3 степени Целзиусови во следните неколку децении. Патем, Банката на Англија исто така, предвиде дека економското влијание на транзицијата кон иднината со нето-нула емисии на CO2 ќе биде скромно.

Инфлаторно лудило

Политичките одлуки на безумните шефови на држави се поклонуваат пред Света Грета и сенилниот претседател Бајден. Тие поставија инфлаторен пекол кој централните банкари не знаат како да го спречат. Уште посмешно, претседателот Бајден, Елизабет Ворен и другите демократи сакаат Федералната Банка да преземе и трет мандат и да го мери економското влијание на континуираниот пораст на температурата. Она што треба да се тестира е обратното: инфлациското влијание на притисокот за чиста енергија пред да постои технологија за складирање на таа енергија во форма на не-токсични, достапни батерии, пред да се направат подобрувања во електричната дистрибутивна мрежа и пред да се знае дали физичките метали за сите батерии што ќе бидат потребни воопшто постојат во природата и се достапни за експлоатација од рудници – или не.

Германија ќе ги олабави правилата за несолвентност бидејќи енергетската криза силно погодува

Бидејќи енергетската криза силно ги погодува, Германскиот министер за правда планира привремено ублажување на правилата за несолвентност за да помогне да се одржат компаниите кои имаат фундаментално здрави бизнис модели, но се борат со долгови поради високите трошоци за енергија, рече тој во петокот. Марко Бушман, чие портфолио вклучува правила за несолвентност, рече дека неговиот план ќе ги ослободи фирмите од обврската да поднесат барање за несолвентност доколку експертот утврди дека имаат „позитивна прогноза за продолжување“ за четири месеци, помалку од сегашните 12 месеци. Оваа недела, производителот на тоалетна хартија Хакл, продавачот на чевли Goertz и добавувачот на автомобили д-р Шнајдер поднесоа барање за несолвентност, а министерот за економија Роберт Хабек рече дека може да замисли делови од економијата да го стопираат производството поради зголемените цени на енергијата.

Во Калифорнија …

Во меѓувреме, Калифорнија бара уште поголема инфлација, ја забранува продажбата на нови бензински автомобили до 2035 година.

Калифорнија продолжува да води:

„Експертите рекоа дека новото правило во Калифорнија, и во неговата строгост и дофат, може да стане, покрај законте на Вашингтон, една од најважните светски политики за климатски промени – https://t.co/l19OOcsLgF “. — Гевин Њусом (@GavinNewsom) 24 август 2022 година

Прашањата изобилуваат

Дали производството на литиум, кобалт, манган и никел ќе биде доволно за да се направат сите батерии? По која цена?

Може ли електричната мрежа да го издржи притисокот?

Дали ќе има доволно станици за полнење?

Кој ќе плати за градба на сите тие станици за полнење?

Тоа се добри прашања и никој нема одговори.

Но, јас имам одговор на едно прашање.

П: Дали ова ќе направи многу за животната средина до 2035 година?

О: Не, а можеби не и во 2050 година.

Централните банкари до сега го имаа дефлаторниот ветер на глобализацијата во грбот. Сега им дува силен ветер на деглобализација и декарбонизација во лице. Со среќа и на нив и на нас.

*  *  *

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!