КЛИМАТСКАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕ Е ПОДДРЖАНА СО ПОДАТОЦИ И ФАКТИ, ВЕЛАТ ЧЕТВОРИЦА ВОДЕЧКИ ИТАЛИЈАНСКИ НАУЧНИЦИ

КЛИМАТСКАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕ Е ПОДДРЖАНА СО ПОДАТОЦИ И ФАКТИ, ВЕЛАТ ЧЕТВОРИЦА ВОДЕЧКИ ИТАЛИЈАНСКИ НАУЧНИЦИ

Четворица водечки италијански научници направија преглед на историските климатски трендови и заклучија дека прогласувањето „климатска вонредна состојба“ не е поддржано од податоците. Разгледувајќи ги податоците од широк опсег на климатски феномени, тие велат дека „климатската криза“ за која луѓето се вознемируваат „сè уште не е евидентна“. Научниците сугерираат дека наместо да ги оптоваруваме нашите деца со вознемиреност за климатските промени, треба да ги охрабруваме да размислуваат за прашања како енергија, храна и здравје, како и предизвиците во секоја област, со „пообјективен и конструктивен дух“ и да не се трошат ограничени ресурси за „скапи и неефикасни решенија“.

Во текот на нивната работа, научниците открија дека интензитетот и фреквенцијата на врнежите се непроменети во многу делови од светот. Тропските урагани и циклони покажуваат мала промена на долг рок, а истото важи и за американските торнада. Другите метеоролошки категории, вклучувајќи природни катастрофи, поплави, суши и продуктивност на екосистемот, не покажуваат „јасен позитивен тренд на екстремни настани“. Што се однесува до екосистемите, научниците забележуваат значително „позеленување“ на глобалната растителна биомаса во последните децении предизвикано од повисоките нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата. Сателитските податоци покажуваат трендови на „позеленување“ на поголемиот дел од планетата, зголемување на приносот на храна и потиснување на пустините.

Четворицата научници се сите висококвалификувани и ги вклучуваат професорот по физика Џанлука Алимонти, агрометеорологот Луиџи Мариани и професорите по физика Франко Проди и Ренато Анџело Ричи. Последните двајца се потписници на рапидно растечката „Светска климатска декларација“. Во оваа петиција се наведува дека нема климатска вонредна состојба и се повикува науката за климата да биде повеќе научна, а помалку политичка. Исто така, повикува на ослободување од „наивното верување во незрели климатски модели“. Во иднина, се вели, „истражувањето за климата мора да даде значително поголем акцент на емпириската наука“.

Ураганите и циклоните се омилени теми за зелените алармисти. Не е изненадувачки зошто тие се фокусираат на овие бури, бидејќи италијанските научници забележуваат дека историски гледано, околу 60% од сите економски штети предизвикани од глобалните катастрофи се последица на ураганите во САД. На 27-ми мај, Метеоролошкиот Завод на Велика Британија предвиде дека сезоната на урагани во Атлантикот во 2022 година, која трае од јуни до ноември, „најверојатно“ ќе биде над просекот, со „веројатност“ од 18 именувани тропски бури, вклучувајќи девет урагани и четири големи урагани. Всушност, тековната сезона на урагани во Атлантикот го имаше својот најбавен почеток во последните 30 години. На крајот на август немаше урагани, а имаше само три именувани бури, од кои ниту една не произведе ветрови со брзина од 74 милји на час или повеќе.

Има многу докази дека зачестеноста и интензитетот на ураганите и циклоните многу малку се промениле во однос на неодамнешниот историски запис.

„До денес, глобалните набљудувања не покажуваат никакви значајни трендови и во бројот и во енергијата акумулирана од ураганите (АСЕ)“, забележуваат италијанските научници. Двата графика подолу го покажуваат тоа.

IPCC објави дека ураганите се зголемиле во фреквенција во Северен Атлантик од 1878 година, но научниците забележуваат дека набљудувањата биле релативно ретки и непрецизни во текот на првите децении на 20 век. По прилагодувањето на податоците поради недостаток на капацитети за набљудување во минатото, се забележува номинален нагорен тренд. Овој тренд, објаснуваат тие, „не се разликува значително од нула“.

Научниците прифаќаат дека има неодамнешно зголемување на топлотните бранови, што тие го припишуваат на порастот на глобалните температури за 1°C, иако забележуваат дека трендовите на глобалниот интензитет на топлотните бранови „не се значајни“. Тие исто така посочуваат дека само ограничен број метеоролошки станици забележале зголемување на глобалните врнежи. Соодветните докази за зголемување на поплавите остануваат неопипливи, велат тие, „и долгата листа на студии покажува малку или никакви докази за зголемени магнитуди на поплави, при што некои студии пронајдоа повеќе докази за намалување отколку за зголемување“.

Што се однесува до сушата, научниците го забележуваат наодот AR5 на IPCC дека „заклучоците во врска со глобалните трендови на суша кои се зголемуваат од 1970-тите повеќе не се поддржани од фактите“. Се вели дека неколку студии не покажуваат зголемување на главните индекси во однос на глобалните суши.

Всушност, малку потопла и повлажна планета и малку дополнителен CO2 се чини дека направиле чуда за глобалните приноси/жетви. За периодот 1961-2019 година, просечните глобални приноси на пченка, ориз, соја и пченица растеле секоја година за 3,3%, 2,4%, 2,6% и 3,8%, соодветно.

Добро истражени, водени од факти, веродостојни научни трудови како што е овој се клучни во битката да се запрат зелените активисти да имаат слободен пат да го катастрофизираат секој лош временски настан во интерес на промовирање на агендата на Net Zero (Нето Нула) за тотална авторитарна контрола. Обидот да се припишат единечни временски настани на луѓето кои согоруваат фосилни горива е производ на трескавична имагинација и непрецизни пре-комплексни но пристрасни климатски модели. Рационалната наука заснована на докази треба да се промовира во секоја прилика.

Извор: https://dailysceptic.org/2022/09/14/climate-emergency-not-supported-by-data-say-four-leading-italian-scientists/

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!