mona lisa luvr

КЛИМАТСКИ АКТИВИСТ СРЕДЕ ЛУВР СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ИЗМАЧКА СЛИКАТА НА МОНА ЛИЗА СО ШЛАГ – МОРА И ТАА ДА ЗАГАДУВА?! (ВИДЕО)

Човек кој извикувал слогани за климатските промени нападнал слика на Мона Лиза во Париз обидувајќи се да ја намачка со шлаг, но неговите напори не успеале бидејќи култното уметничко дело било заштитено со стакло отпорно на куршуми.

Инцидентот се случил во неделата во познатиот музеј на уметноста Лувр.

Набљудувачите беа шокирани кога видоа како изгледа кога старица во инвалидска количка станува и трча кон ремек-делото на Леонардо да Винчи.

Се испоставило дека сторителот е млад човек со перика, а обезбедувањето брзо го совладало, но сепак не пред да успее да го намачка шлагот на заштитното стакло.

„Помислете на Земјата. Уметниците размислуваат за Земјата. Сите уметници мислат на Земјата. Затоа го направив тоа“, извика тој на француски.

Сликата е заштитена со густо непробојно стакло кое било поставено во 1956 година откако друг вандал ја оштетил сликата со истурање киселина.

На што се подготвени „климатските активисти“? Се плашиме дека времето ќе покаже дека ваквите случаи се само почеток на она што следува.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!