предраг кон зграда

КОГА ВАКА КАЈ НАС?! СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДОМОТ НА ШЕФОТ НА КРИЗНИОТ ШТАБ, Д-Р ПРЕДРАГ КОН! БАРААТ ОСТАВКА И ИЗВИКУВААТ: “МЕНГЕЛЕ, МЕНГЕЛЕ”

По воведувањето на ковид сертификатите и во соседна Србија, граѓаните масовно се организираат изразувајќи го своето незадоволство на улиците, во речиси сите поголеми српски градови.

По завчерашниот мирен граѓански собир во Ниш пред зградата на членот на српскиот Кризен Штаб за справување со корона кризата, Бранислав Тиодоровиќ, вчера граѓаните се упатија кон домот на главниот заговарач на најсилните рестрикции кон сите граѓани, а особено кон невакцинираните, д-р Предраг Кон.

Инаку Кон, кој е впрочем епидемиолог, во неколку наврати во текот на месецов изјави дека се залага за задолжителна вакцинација на здравствените работници и на сите вработени во јавната администрација. Тој, исто така, ќе предложи и целосно затворање на сите неесенцијални дејности по 17 часот секој ден, а за воведениот нов ковид сертификат, ќе побара да важи во текот на сите 24 часа.

Токму поради овие ставови, граѓаните на Белград синоќа се упатија кон зградата во која тој живее, со тоа пренесувајќи му ја нивната порака.

Собирот беше мирен, но видливо беше присуството на полицијата пред влезот на зградата.

“Оставка, оставка! Менгеле, Менгеле, излези надвор! Вакцинирајте го Кон!” – беа дел од извиците упатени кон овој член на српскиот кризен штаб.

Пред неговата зграда беа и негови колеги, претставници на Здружението на лекари и родители за наука и етика.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom