ВАКЦИНИТЕ КОИ НЕ ГО ЗАПИРААТ ПРЕНОСОТ МОЖАТ ДА СОЗДАДАТ УСЛОВИ ЗА ШИРЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ВИРУЛЕНТНИ СОЕВИ

ВАКЦИНИТЕ КОИ НЕ ГО ЗАПИРААТ ПРЕНОСОТ МОЖАТ ДА СОЗДАДАТ УСЛОВИ ЗА ШИРЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ВИРУЛЕНТНИ СОЕВИ

Биологот д-р Дејвид Кенеди од државниот Универзитет во Пенсилванија, објави труд во PLOS BIOLOGY во 2015 година со наслов „Несовршената вaкцинација може да го подобри преносот на многу вирулентни патогени“. Написот опишува експеримент со вирус на херпес кој предизвикува тнр. Марекoва болест кај кокошките. Вaкцините против болеста Марек се опишани како „несовршени“ бидејќи, иако ги штитат кокошките од разболување, тие не ги спречуваат да се заразат и да го пренесат вирусот на невaкцинирани кокошки. Тоа им овозможува на највирулентните соеви кои вообичаено би умреле заедно со заразеното пиле, да преживеат и да заразат и убиваат невaкцинирани кокошки. Вaкцините кои ги одржуваат домаќините живи, но сепак дозволуваат пренос, на тој начин би можеле да овозможат многу вирулентни соеви да циркулираат во популацијата… „Нашите податоци покажуваат дека вaкцините против болести кои не го спречуваат преносот можат да создадат услови кои промовираат појава на патогени соеви кои предизвикуваат потешка форма на болест кај невaкцинирани домаќини“.

Несовршената вaкцинација може да го подобри преносот на многу вирулентни патогени

Со други зборови, вaкцинираните и невaкцинираните сè уште можат да ја шират болеста, а вaкцинираните се заштитени од тешки болести и симптоми. Но, што ќе се случи ако вaкцините не штитат од тешки болести и симптоми на овие нови варијанти? Тоа значи дека може да се создадат услови кои предизвикуваат потешка форма на болеста и кај вaкцинираните. Ова го видовме со сезонскиот грип, каде што вaкцините мора постојано да се ажурираат поради промените во вирусот, а моментално сме сведоци на тоа со вaкцините против Кoвид.

Вaкцините против Кoвид најверојатно ќе бидат дотерувани бидејќи и понатаму се појавуваат нови варијанти, а вaкцинaцијата може да се поттикнува еднаш или двапати годишно.

Многу луѓе веќе примиле трета доза, а во некои земји, како Израел и Канада, се нуди четврта доза на постари и имунокомпромитирани пациенти. Ова е нешто на што луѓето не се навикнати, толку многу инјекции за толку краток временски период, заедно со тоа што некаде се и задолжителни. Сега знаеме дека вaкцините против Кoвид не го спречуваат преносот на КOВИД и дека варијантите како Омикрон и Делта можат да ја избегнат заштитата што ја обезбедуваат вaкцините против Кoвид. Ова е причината зошто американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) советува дека дури и откако ќе бидат целосно вaкцинирани, луѓето треба да продолжат да носат маски и социјално да се дистанцираат на јавни места делумно затоа што тие сè уште може несвесно да се заразат и да пренесат КOВИД на луѓето кои ги добиле и на оние кои сè уште не ги примиле своите дози.

Но, дали вaкцините против Кoвид помагаат да се намали преносот? И дали тоа значи дека тие не се сметаат за „несовршени“ вaкцини?

Може да се даде аргумент дека вaкцините против Кoвид ги штитат луѓето од тешки симптоми и ги намалуваат шансите за хоспитализација, но колкава заштита навистина можат да обезбедат за повеќето луѓе на возраст под 70 години кои имаат многу големи шанси за преживување и целосно оздравување (околу 99.5% според оваа студија)? Понатаму, не смееме да заборавиме дека КOВИД се надоврза на веќе постоечкиот проблем со капацитетот на болниците. Дали е проблемот во КOВИД или е во несоодветениот здравствен систем? И зошто науката зад природниот имунитет не е вклучена во здравствената политика? Според статистичките податоци на CDC на пример, 95 отсто од луѓето кои умреле со или од КOВИД имаат во просек четири други причини (коморбидитети) наведени во нивната потврда за смрт. Понатаму, не е сосема јасно колку луѓе завршуваат во болниците со КOВИД или поради КOВИД. Постојат повеќе примери од реалниот свет кои покажуваат дека вaкцините против КOВИД не успеваат да спречат пренос, вклучително и експоненцијални епидемии кај највисоко вaкцинираните популации на планетата. Ова е причината зошто од првите пет окрузи кои имаат најголем процент на население целосно вaкцинирано (99,9-84,3%), CDC идентификува четири од нив како окрузи со „висока“ преносливост. Овој факт доаѓа од трудот објавен во European Journal of Epidemiology со наслов: „Зголемувањето на КOВИД-19 не е поврзано со нивоата на вaкцинација во 68 земји и 2947 окрузи во Соединетите држави“. Во моментов, случаите на КOВИД се зголемуваат во петте највaкцинирани држави.

Според студијата објавена во октомври, заразените вaкцинирани и невaкцинирани луѓе можат да го носат истиот вирусен товар. Вирусното оптоварување е добар прокси за заразноста.

Еден труд на истражувачите од Универзитетот Оксфорд покажа дека максималното вирусно оптоварување од видот Делта на вирусот е слично кај невaкцинираните луѓе како што е кај вaкцинираните луѓе, што значи дека постои сличен ризик кај заразено вaкцинирано лице да го шири вирусот како заразено невaкцинирана личност.

Спроведена е друга студија со позитивни примероци од асимптоматско тестирање во Универзитетот во Калифорнија – Дејвис. Во соопштението за печатот од Универзитетот се објаснува:

„Кога ги анализирале податоците, истражувачите откриле големи варијации во вирусното оптоварување во вaкцинираните и невaкцинираните групи, но не и меѓу нив. Немало значајна разлика во вирусното оптоварување помеѓу вaкцинираните и невaкцинираните или помеѓу асимптоматските и симптоматските групи.“

За идејата дека вaкцините кои не се успешни во запирање на преносот на вирус може да го олеснат појавувањето на варијанти, пишуваа академици во текот и пред оваа пандемија. Ова е очигледно од трудот на Кенеди од 2015 година цитиран погоре.

Саад О. Омаис, докторант по клеточна и молекуларна биологија на Американскиот универзитет во Бејрут напиша одговор на написот објавен од Карам Абаси, главен уредник на Британскиот медицински журнал. Во него тој објаснува како вaкцините против Кoвид не само што можат да дозволат циркулација на постоечки соеви, туку и да го олеснат порастот на нови. Според Ерик Пејн, Професор по Педијатрија и Неврологија на Универзитетот во Калгари, Кадана, со широко распространетото администрирање на вaкцините за КOВИД-19 за време на пандемијата, вршиме огромен еволутивен притисок врз САРС-Кoв-2 да продолжи да мутира за да го избегне нашиот имунолошки систем, да добие влез во клетките, да се реплицира и евентуално да предизвика болест. И, сега кoристиме многу „несовршени“ вaкцини, што многу го олеснува вирусното затајување на нашите антитела. Најсилните ќе преживеат. Размислете за разумната аналогија на отпорност на антибиотици – ова е поттикнато од широката и несоодветна употреба на антибиотици, а не од луѓето кои избегнуваат антибиотици.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!