адвокат сашко јовановски устав и закони

КОИ ТОЧНО ЧЛЕНОВИ ОД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ СЕ КРШАТ СО ВОВЕДУВАЊЕТО НА KOBИД СЕРТИФИКАТОТ И ПРИСИЛНАТА BAKЦИHAЦИJA?! (ВИДЕО)

Во ова време-невреме, делува дека сите сме свесни за фактот дека е јавна тајна кршењето, не на еден, туку на повеќе членови од Уставот и законите на РМ, но речиси никој од нас не знае точно да наведе кога, каде и на кој начин му се ускратени неговите фундаментални човекови права.

За таа цел разговаравме со адвокатот Сашко Јовановски, кој меѓу другото, таксативно наброја, но и објасни кои членови од Уставот и законите се силно прекршени со новите, но и старите рестриктивни мерки, а особено со воведувањето на ковид сертификатот и присилната вакцинација за вработените во јавниот сектор и здравствените работници.

“Се работи за целосно противуставни, противзаконски и реално неприменливи одредби, т.е. мерки.” – започнува Јовановски.

“Со истите директно се прекршуваат неколку члена и темелни вредности од Уставот на Република Македонија, а исто така и голем број на позитивни законски прописи, ратификувани меѓународни договори, декларации и конвенции.

Со овие мерки директно се прекршуваат Членовите 9, 10, 11, 27 и 32 од Уставот, а кои се однесуваат на еднаквоста на граѓаните во нивните слободи и права, неприкосновеност на правото на живот, неприкосновеност на физичкиот и моралниот интегритет, правото на слободно движење на граѓаните и правото на работа.

Понатаму, овие мерки се спротивни на неколку важечки закони, пред сѐ на Законот за заштита на правата на пациентите, односно на Членовите 6, 7 и 14, а кои се однесуваат на правото на пациентот за информирана согласност за било која предложена медицинска интервенција, како и правото на лицето да учествува во одлучување за начинот на своето лекување. Исто така, тука е опфатено и правото да се прифати или да се одбие определена медицинска интервенција.

Мерките што се предложени се спротивни на Член 25 од истиот Закон, каде е јасно определено дека сите податоци кои се однесуваат на здравствената состојба на едно лице, вклучително и вакциналниот статус, се тајни и доверливи и такви остануваат дури и по смртта на тоа лице. Овие податоци смеат да се користат само со изречно дадена писмена согласност од страна на пациентот.

Предложениве мерки се целосно спротивни и на меѓународното право, почнувајќи од Резолуцијата 2361 од 27 јануари 2021 година, донесена од парламентарното собрание на ЕУ, па сѐ до Европската Конвенција за Човекови Слободи и Права, како и Универзалната Декларација за правата на човекот, донесена од страна на собранието на ОН во 1948 година.

Секој што на било каков начин учествува во носењето и спроведувањето на вакви дискриминаторски и противзаконски одлуки, со умисла извршува кривично дело присила од Член 139 од кривичниот законик, кривично дело повреда на рамноправноста на граѓаните по Член 137 и кривично дело сурово, нечовечко и понижувачко постапување и казнување од Член 142 од кривичниот законик и за истите кога-тогаш кривично ќе одговара!”

Адвокатот Сашко Јовановски е еден од ретките кои “црно на бело” ви ги соопштија фактите што едноставно мора да ги знаете за да бидете дел од оваа борба!

Сите закони и Уставот на РМ се достапни и онлајн и можете да ги проверите и самите, па за таа цел проследете ја статијата до сите што мислат, па и до оние што не мислат како вас, затоа што точната информација е злато-вредна во ова време на информациска војна против пропагаторите на пропагандата околу оваа пандемија.

Целосното видео за кое пишувавме и во текот на вчерашниот ден и кое бескрајно се шири по македонскиот интернет-простор е достапно на следниот линк:

https://rumble.com/vpkxpz–o-.html

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom