КОЛАТЕРАЛНАТА ШТЕТА ОД ЗАТВОРАЊЕТО НА АНГЛИЈА И ВЕЛС МОЖЕ ДА СТОИ ЗАД 1.000 СМРТНИ СЛУЧАИ НЕДЕЛНО: СМРТНИТЕ СЛУЧАИ НЕПРЕДИЗВИКАНИ ОД KOBИД СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ВО АНГЛИЈА И ВЕЛС!

КОЛАТЕРАЛНАТА ШТЕТА ОД ЗАТВОРАЊЕТО НА АНГЛИЈА И ВЕЛС МОЖЕ ДА СТОИ ЗАД 1.000 СМРТНИ СЛУЧАИ НЕДЕЛНО: СМРТНИТЕ СЛУЧАИ НЕПРЕДИЗВИКАНИ ОД KOBИД СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ВО АНГЛИЈА И ВЕЛС!

Нуспојавите или негативните ефекти на заклучувањето може да убиваат повеќе од 1.000 луѓе неделно, сугерираат врвни експерти.

Официјалните бројки покажуваат дека има околу 1.500 „вишок“ смртни случаи секоја недела во последните три недели во Англија и Велс. Ова е бројот на починати над она што вообичаено би се очекувало во овој период од годината. Само мал дел од нив – околу 300 – се со/од Кoвид, што доведе до повици за итна истрага за тоа што стои зад вишокот на смртност. Професорот Сер Дејвид Шпигелхалтер, еминентен статистичар од Универзитетот Кембриџ, рече дека тоа би можело да биде „влијанието на мерките против пaндемијата и нарушувањата во здравството“. Според професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, може да се виновни и рекордните заостанати термини за рутински третман и зголемените чекања за Брза Помош, исто така симптом на *мерките* и *протоколите* превземени во екот на пaндемијата. За време на пaндемијата, научниците предупредуваа дека затворањето на општеството и откажувањето на операциите може да предизвика понатамошно закаснето влошување на други состојби како рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Пред крајот на март, смртните случаи во Англија и Велс беа пониски од просекот и покрај стотиците луѓе кои умреа со или од Кoвид. Но, во последните три месеци, зголемените смртни случаи непредизвикани од Кoвид се зголемија, додека смртните случаи од респираторни вируси останаа непроменети.

Англија обично бележи околу 9.000 неделни смртни случаи во овој период од годината, но бројката е во просек 10.400 во последните неколку недели. Говорејќи за денешната програма на BBC Radio 4, Сер Дејвид укажа на податоците од Заводот за Статистика. Сер Дејвид рече: „Само мал дел од тие [смртните случаи] се со Кoвид. Значи, има многу интерес и загриженост за тоа што се случува. „Сега гледаме и вишок на смртни случаи кои не се од или со Кoвид во болница, не само во приватните домови“. „Некои луѓе велат дека можеби ова е почеток на знаците на влијанието на мерките против пaндемијата и запуштањето на здравството и не користењето на здравствената заштита од страна на луѓето, што почнува да има влијание“, додаде Сер Дејвид.

Бројот на пациенти кои бараа третман во државното здравство опадна за време на пaндемијата, бидејќи на Британците им беше кажано да останат дома, а некои се обидоа да избегнат притисок врз преоптеретените здравствени работници. Се очекува околу 13 милиони пациенти да чекаат рутинска нега до 2024 година како резултат на одложувањата предизвикани од пaндемијата. Професорот Хантер изјави за MailOnline дека влијанието на одложената и запуштена здравствена нега е еден фактор што може да биде виновен. Влијанието на заклучувањата и самите ограничувања врз општо добро на луѓето – како што се намалената подвижност и стресот – исто така може да игра улога, рече професор Хантер. Бројките покажуваат дека Британците станале подебели за време на пaндемијата. Се смета дека четворица од 10 Британци се здебелиле за време на пaндемијата, а просекот е + 3 килограми. Професорот Хантер, исто така, сугерираше дека кризата со гаолопирачките трошоците за живот може да биде фактор. Во меѓувреме, повеќе Британци може да умираат поради намален имунитет против други видови инфекции, бидејќи заклучувањето значеше дека луѓето не биле рутински изложени на други вируcи. Тој рече дека ова можеби не е голем придонес за сегашниот број на прекумерни смртни случаи, но „може да почне да игра голема улога“ наесен.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!