украина интерактивна мапа руска армија

КОЛКАВ ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА УКРАИНА ДОСЕГА ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА РУСКАТА АРМИЈА (ИНТЕРАКТИВНА МАПА)

Додека средбата помеѓу руската и украинската делегација околу потенцијалниот крај на воениот судир на белоруска почва, е сѐ уште во тек, погодно е да видиме како навистина изгледа ситуацијата на терен во овој момент.

Имено, иако заземената површина можеби не е толку голема (тоа е првото што им паѓа во очи на широките народни маси при прегледување на вакви воени мапи), важно е да се потцрта дека во воените кругови тоа не претставува најзначајна цел, туку целта е освојување и контрола на главните стратешки точки.

Така, од ситуацијата на терен од утринава, може да се види приближување, односно пробивање на друг дел на руската армија од исток кон главниот град, Киев. Целта не е да „се удри“ на градот со сите расположливи сили и средства од ист правец, туку истиот да биде потполно заобилколен, а потоа неговата капитулација да биде само прашање на време.

Токму поради оваа причина, офанзивата на Киев засега е во некакво мирување и ќе остане така сѐ до пристигнувањето на другите дивизии на руската армија на останатите страни на градот.

Потполно иста е ситуацијата и на истокот на Украина.

По силните битки за Харков од вчера, сега руските трупи престанаа да навлегуваат во централното градско подрачје, истовремено работејќи на заобиколување на градот од источната страна.

Силна битка се води и за еден од најважните приморски градови во државата, Мариупол.

Градот кој се наоѓа на брегот на Азовското Море, во моментов веќе е потполно опколен од руската армија на запад и север и ним сојузничката, Армија на Доњетската Народна Република на исток.

Падот на главниот град Киев, вториот град по големина Харков и главното пристаниште Мариупол е само прашање на време.

Прашање на време, но и прашање на многу жртви… жртви од двете страни…

… За мир сепак е потребен разум од двете страни, а кога официјалната преговарачка делегација на Украина ја води еден ваков човек…

…јасно е дека едната страна, по сѐ изгледа, не е подготвена да ги сопре ужасите на своето, но и туѓото невино население… Но, можеби изгледот овојпат лаже, да оставиме преговорите да завршат и да се надеваме на најдоброто.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!