novi merki spanija

КОНЕЧНО ПОЗИТИВА: ВЛАСТА ВО ШПАНИЈА ОДБИЛА ДА ВОВЕДЕ НОВИ МЕРКИ ЗА KOBИД ПОРАДИ ОМИKPOH!

Властите во Шпанија презедоа чекор кој ќе ги разочара фармакопромоторите и СЗО.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска ја отфрли можноста наскоро да се воведат рестриктивни мерки за корона вирусот, како одговор на ширењето на сојот омикрон.

Санчез рече дека официјалните податоци покажуваат дека, иако омикронот наводно се шири побрзо, тој генерално предизвикува поблаги симптоми и затоа нема голем притисок врз здравствениот систем како со претходните соеви, објави АП.

„Јасно е дека ситуацијата е драстично поинаква. „Ние сме во подобра позиција и многу повеќе подготвени да се соочиме со омикронот“, рече тој.

Премиерот на Шпанија потврди дека експертите и здравствените власти ќе предложат скратување на задолжителната изолација за оние кои се заразени со омикрон, а немаат никакви симптоми.

Владата во Мадрид размислува и да ја намали изолацијата од сегашните 10 дена на пет дена за лицата со ковид, како што веќе направија САД и Грција, доколку по пет дена се покаже дека лицето е негативно на тестот за ковид.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!