КОНТРОЛАТА НА ЦЕНАТА НА ЕНЕРГИЈАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е САМО УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО РЕСЕТИРАЊЕ

КОНТРОЛАТА НА ЦЕНАТА НА ЕНЕРГИЈАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е САМО УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО РЕСЕТИРАЊЕ

„Експертите“ тврдат дека инфлацијата ќе падне и економијата ќе закрепне поради ограничувањето на цените на енергијата, воведено од новата влада на Велика Британија. Мислам дека тоа се крајни глупости и лудост.

Инфлацијата е тука и ќе остане, а каматните стапки ќе продолжат да се движат нагоре. Овој пораст на каматните стапки ќе ги намали цените на куќите и многу луѓе со хипотеки ќе бидат „под вода“ (Со други зборови, тие ќе должат повеќе отколку што вредат нивните имоти.) Одиме кон стагфлација (рецесија во комбинација со инфлација). Веќе фунтата паѓа со невидена брзина. Како резултат на тоа, сè што купуваме т.е. увезуваме во Велика Британија (нафта, гас, храна, метали) ќе биде поскапо. Лудите енергетски субвенции на Трас ќе чинат најмалку 150 милијарди фунти годишно, а ќе треба да траат со години. Може да биде и многу повеќе.

Тоа е околу 2.500 фунти годишно за секој маж, жена, дете и бебе во земјата  – без разлика дали е вработен, болен, невработен, во затвор, во болница или во бебешка количка.

И како ќе плати Владата за тоа?

Јас ќе ви кажам. Услугите (здравствено, образовни, социјални,…) ќе се намалат. За сè ќе има нови давачки. И даноците ќе се зголемат. Јас и ти ќе платиме за проблемот на Владата со „трошењето, трошењето, трошењето…“ Финансиските проблеми на Велика Британија ќе се влошат – а не подобрат.

И запомнете: ништо не се случува случајно.

Најпродаваниот автор на Sunday Times, Вернон Колман, има напишано над 100 книги кои се продадени во над два милиони примероци само во Велика Британија.

Извор: https://vernoncoleman.org/articles/uks-energy-price-control-part-great-reset

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!