финска конвој 2022

КОНВОЈ И ВО ФИНСКА! ДЕМОНСТРАНТИТЕ ГИ ОКУПИРАА УЛИЦИТЕ НА ХЕЛСИНКИ ДОДЕКА КАМИОНЏИИТЕ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА СЕ УПАТУВААТ КОН ПАРЛАМЕНТОТ! (ВИДЕА)

Демонстрантите во Финска, како и нивните канадски колеги, протестираат против задолжителната вaкцинација и високите цени на горивата.

Групата која себеси се нарекува “Конвој Финска 2022”, организираше бројни блокади на улиците на главниот град Хелсинки, почнувајќи на 4 февруари (петок), а протестите, според најавите, треба да кулминираат во текот на денешниот ден.

Целта на овие акции е барањето за укинување на сите рестриктивни мерки поврзани со кoвид 19, намалување на таксите за горивата и, на крајот, оставка на финската влада.

Демонстрациите се концентрирани околу зградата на парламентот, плоштадот и главната улица во Хелсинки – Mannerheimintie. Активистите се групираат во овој реон и за сабота се планира блокирање на сите крстосници во центарот на градот, со помош на возилата кои пристигнуваат од целата држава.

Властите не дадоа дозвола за овој протест и искажаа намера да забранат влегување на камионите, односно другите тешки товарни возила во центарот на градот. На улиците се испратени дополнителни специјални полициски сили.

Иако оваа, обично “мирна” балтичка држава ретко е цел на насилни протести, овојпат не може да се исклучи и судир на полицијата и демонстрантите, особено доколку полициските сили се решат да ги растурат протестите, односно блокадите на улиците.

Погледнете како изгледаше атмосферата на смрзнатите улици на Хелсинки во текот на вчерашниот ден:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!