болсонаро г20

КРАТКА ЛЕКЦИЈА ОД БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСOHАPО ДО ТЕДPOС, ШЕФОТ НА CЗO! ТЕДРОС НЕ ПРЕПОРАЧУВА BAKЦИHAЦИЈA НА ДЕЦАТА?! (ОРИГИНАЛНО ВИДЕО)

Лидерите на земјите ширум планетава кои со гордост можат да се наречат лидери со големо “Л”, се чини дека ги има сѐ помалку и помалку. Во нив засега можевме да ги вброиме, можеби хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, белорускиот Александар Лукашенко и не многу други, но оваа оскудна листа, после сѐ, го добива и своето заштитно лице, човекот кој е доволно моќен за со своите ставови да предизвика земјотрес на политичката сцена во целиот свет, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Имено, на Самитот на земјите од Г20 во Рим пред околу 2 недели, Болсонаро го направи токму тоа – го предизвика шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус и му постави неколку прашања кои го мачат секој човек кој размислува, барем малку, со својата глава. Одговорите од страна на Тедрос беа, во најмала рака, зачудувачки.

Болсонаро не застана тука, туку во неколку наврати фактички поентираше, на што директорот на СЗО остана со подотворена уста.

Ви пренесуваме дел од нивниот разговор:

“Низ целиот свет имаме луѓе кои мораат да работат како би се прехраниле себеси. Сите овие мерки кои ги носевме набрзина ја разнишаа економијата… Светот помина повеќе од една година во карантин, ако продолжиме вака, економијата ќе колабира!” – ја започнува својата беседа бразилскиот претседател, Болсонаро.

“… Мислам дека НЕ ни требаат повеќе карантини!” – зачудувачки одговара Тедрос, шефот на СЗО.

На ова Болсонаро ќе продолжи:

“Околу вакциналните пасоши, дали СЗО донесе некаква одлука? Околу нивната задолжителност?”

– “Засега не! НЕ го препорачуваме (вакциналниот пасош), затоа што стапката на вакцинација во некои земји е сеуште ниска. Значи, достапноста до вакцината е мала и барањето на сертификат може да претставува ДИСКРИМИНАЦИЈА!” – Тедрос го кажува она што не им се допаѓа и не го пренесуваат “мејнстрим” медиумите.

“Во Бразил, многу од луѓето кои примиле две дози се заразуваат со ковид.” – вели Болсонаро.

– “Вакцината не го спречува ковидот, но спречува сериозно заболување и смрт. Тоа е нејзината задача.”

– “Но во Бразил, многу од луѓето кои примиле две дози умираат!” – инсистира Болсонаро.

– “Како што рековте, можно е да постојат такви случаи. Особено оние кои имаат коморбидитети, некои други состојби или заболувања…”

– “80% од луѓето се асимптоматски!” – повторно одговара Болсонаро, на што Тедрос останува без коментар.

Во другиот дел од разговорот, Болсонаро се осврнува на уште една болна тема, вакцинацијата на децата.

“Во Бразил, јас немам контрола околу акциите кои се преземаат во врска со пандемијата. Контролата ја имаат гувернерите и градоначалниците, со поткрепа на судските авторитети. И тие гувернери и градоначалници бараат задолжителна вакцинација за децата,” вели Болсонаро, за потоа да заклучи дека според зборовите на Тедрос, СЗО НЕ препорачува задолжителна вакцинација за децата!

“Овде, ако кажеме нешто околу вакцините, медиумите започнуваат да велат дека тоа се “лажни вести,” ќе одбруси Болсонаро. “Рацете ни се врзани. Животите на нашите деца ставени на коцка и најдобро би било да го следиме она што (Тедрос) Аданом го вели околу ова прашање.” – констатира Болсонаро.

На крајот, доаѓа и прашањето од милион долари:

“Од каде потекнува вирусот?”

“Сеуште го истражуваме тоа.” – очекувано одговара Тедрос.

“Добар одговор.” – низ смеа завршува Болсонаро.

Оригиналното видео можете да го видите во продолжение:

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom