малоун интервју

КРЕАТОРОТ НА мPHК BAKЦИHATA Д-P МАЛOУH: “ТРЕТАТА ДOЗA МОЖЕ ДА ГО ЗГАСНЕ ВАШИОТ ИMУHИTET!” (ВИДЕО)

Кога велат “да ја слушаме науката”, ние го правиме токму тоа.

Д-р Роберт Малоун, креаторот на мРНК технологијата на која се базираат овие новосоздадени мРНК вакцини, уште пред неколку месеци, како гром од ведро небо, ќе изјави дека мутациите на вирусот се случуваат токму кај вакцинираните, а токму оваа кампања на масовно вакцинирање може до доведе до слабеење на имунолошкиот систем кај луѓето. Д-р Малоун, ни помалку ни повеќе, побара кампањата за вакцинација итно да биде стопирана!

Околу ова направивме и видео на нашиот канал, погледнете го во продолжение:

https://rumble.com/vlq0rw-36485996.html

Овојпат, уште едно неверојатно интервју во кое докторот и врвен научник Малоун зборува за третата доза, за несаканите ефекти од вакцините, за тоа дека „омикрон“ веројатно не е резултат на природна мутација, повторно за тоа дека мутациите се резултат на вакцинирањето и дека е апсурндо да се тврди дека ова е т.н. пандемија на невакцинираните, но тоа што за нас е посебно важно, зборува и за новите сознанија околу несаканите ефекти од вакцините кај децата. За прв пат Малоун зборува за појава на неуропатија кај вакцинираните деца и тоа кај едно дете од 1.100 вакцинирани.

На почетокот Малоун ќе одговори на прашањето околу задолжителноста на вакцината, нешто што сѐ повеќе станува закон, иако речиси исклучиво токму вакцинираните се погодени од новиот омикрон сој.

“Антони Фаучи уште еднаш е контрадикторен самиот на себе. Велеше дека никогаш нема да го сториме тоа и дека ќе ја почитуваме автономијата на луѓето. Постојат изјавите на Ненси Пелоси дека никогаш нема да го направат тоа и еве до каде стигнавме… Тие апсолутно немаат право да го прават ова. Ова не се лиценцирани вакцини и апсолутно е спротивно на Нирнберншкиот кодекс, на нашето право и на федералниот закон на САД. Сега сакаат задолжителност на вакцините и за децата,” жестоко започнува Малоун.

Понатаму, Малоун повторно прави јасна дистинкција помеѓу овие вакцини и старите видови на вакцини, произведени со поинаква технологија.

Накратко, сите три вакцини кои се на располагање во САД се всушност генетска терапија која е применета за изработка на вакцини. Вакцините со аденовирус се еден вид технологија, мРНК се друг вид технологија. Тие имаат разлики и сличности, но сите три се инволвирани во вметнување на генетски материјал во вашите клетки со цел да ги предизвикаат вашите клетки да создаваат протеин, наместо со вакцината да се инјектира тој протеин. Еден од проблемите е што властите не ги принудија компаниите да испитаат и да објават каде тој генетски материјал оди. Сега знаеме дека тој материјал се движи низ целото тело и не останува таму што е инјектиран како што би требало да биде и како што тврдеа. Има и многу други нешта што беа кажани за овој материјал и за механимзот по кој функционираат овие вакцини, а што се покажа или дека е лага или дека немаат податоци за да ги поткрепат тврдењата,” вели докторот.

Д-р Малоун повторно се осврнува и на фактот дека ова не е т.н. пандемија на невакцинираните, туку токму вакцинацијата е причина за новите мутации на корона вирусот.

“Тврдењето дека ова е пандемија на невакцинираните е апсолутно апсурдно. Тоа е спротивно на сите принципи на еволуција по пат на природна селекција. Отсекогаш сум сакал да ги цитирам луѓето кои се лидери во својата област, а д-р Герт ван ден Бош е секако тоа. Тој е еден од светските лидери во оваа област кој говореше за тоа. Вистината е дека многу од генетски селектирани мутанти кои „избегаа“ или супер вируси во смисла на т.н. супер бактерии кои се јавуваат кога давате премногу антибиотици, јасно е всушност дека многу од овие мутации се водени од еволуционата селекција предизвикана од вакцините, а не поради невакцинираните. Еве го проблемот. Новата мутација наречена „омикрон“ не одговара, не го следи моделот на еволуција на постојните варијанти на вирусот. Има нешто многу чудно. Омикрон е многу мутиран, резултат е на многу мутации во специфичен предел на вирусот, токму тој предел што го таргетираат вакцините, а овој вирус нема очигледни непосредни претци во другите вируси кои циркулират. Ние едноставно не знаеме што точно се случува. Има многу хипотези, една од нив е дека тој од човекот скокнал кај животните, па пак се вратил назад, но тоа нема многу смисла. Има размислување од еден експерт кој ги следи мутациите, тој е вакцинолог, кој вели дека „омикрон“ ги има сите белези на генетички мутиран вирус.

Роберт Малоун е запрашан и зошто еден пионер во развојот на мРНК вакцините од негов калибар, сега всушност е главен противник на оваа тековна вакцинална агенда.

Важно е да се знае дека нападот од Атлантик (познато американско списание) врз мене, кој е полн со контрадикторности, е составен на брзина од еден прилично неискусен автор. А Атлантик е во сопственост на Гејтс фондацијата и вдовицата на Стив Џобс. Тука е и Роберт Џонсон фондацијата. И овие посебни напади се појавија околу недела и половина по текстот во кој Питер Наваро и јас во Вашингтон тајмс изложивме план за тоа како да се справиме со Ковид 19 заложувајќи се за поинаква политика од таа што се води сега, а која се базира на вакцинирање. Ние се заложивме за вакцинирање на постарите и на тие што се изложени на ризик, а за ран третман на другите. Тој напад беше реакција кон мене, бидејќи на некој начин бев критичен и кон постојната администрација што веќе навлегува во политички води. Зошто го правам сето ова? Лично, сметам дека ова што се случува е премногу навредливо. Верувам дека и вие, кога би се соочувале со нешто слично во вашата професија, би станале и би рекле „чекај, ова не е во ред“. Дури и по цена на кариерата, бидејќи имате интегритет. Па така, и јас немав избор. Кога станав свесен за тоа што се случува, а станав свесен и затоа што имам добри врски со луѓе од FDA (Американска Дирекција за Храна и Лекови), Министерството за одбрана и сум потрошил многу време на состаноци во Центарот за контрола на болести (CDC) и слично, па врз основа на сето тоа можам да видам што се случува, и кога бев прашан на првиот подкаст пролетта која стана вирален, одговорив искрено според тоа што мислев дека е вистина во тој момент. И потоа следеше вистинска каскада. Во секој случај, работите за кои сум обучуван 30 и повеќе години, работите кои се дел од мојата професија, едноставно се уништени од ова лудило. Нарушени се сите етички норми, нарушени се сите регуларни практики… Се чини дека тој млад новинар од Атлантик едноставно не може да го свари ова, неговиот ум не може да го прими сето тоа. И продолжуваше да ме прашува зошто го правам ова? Му реков бидејќи тоа е правилно. Изгледа дека тоа не му одговараше. Според него, мора да има некоја позадина, мора да имам некој финансиски интерес. Да кажеш дека ова го правиш само затоа што е правилно, изгледа дека не е доволно. Тоа е неверојатно и е слика за интегритетот на целото наше општество,” јасен е д-р Малоун.

При крајот на интервјуто, д-р Малоун е запрашан и за тоа што најмногу не пгоодува и плаши сите нас, несаканите ефекти од вакцините кои упорно се кријат, особено кај младите луѓе.

Се покажа дека листата на несакани ефекти, само од минатата недела, оштетувањата на срцето кај младите момчиња, но сега и кај девојчињата, е доста честа појава. Последните податоци од Хонг Конг публикувани минатата недела покажуваат дека се оштетувањата се јавуваат кај едно дете на секои 2 700 со потреба од хоспитализација (податоците пред пандемијата велат дека таквите појави претходно се јавувале кај едно дете на 100 000, а првите податоци од вакцинираните деца во Израел беа дека сега границата се спуштила на 20 000, во Калифорнија е 167 деца на милион, а ете во Хонг Конг податоците се уште поалармантни).

Но ние сме фокусирани на миокардитисот. Од друга страна, пред некој ден во сведочење во Луизијана беше истакнато дека има висока појава на неуропатија кај вакцинираните деца (оштетување или дисфункција на нервите). Податоците говорат дека тоа се јавува кај едно дете на 1.100. Па така, излегува дека додека бевме фокусирани на миокардититост, всушност постои долга листа на несакани ефекти. Децата се со низок ризик. Освен ако немаат други болести, децата го поминуваат ова како обична настинка. И плус, како што беше сведочено во Луизијана, никогаш во историјата на светот, не сме ги жртвувале децата, не сме ги ризикувале децата, за да ги заштитиме постарите. Секогаш било обратно. Секогаш постарите правеле се што е можно за да ги заштитите децата. Сега бараме од децата да ги жртвуваат своите животи и здравје за да ги зашитат повозрасните. Како сега излезе обратно? Кој ги носи таквите одлуки?”

Конечно, д-р Малоун вели и дека има информации дека ова “лудило” се планира да трае и до 2026 година.

“СЗО и Велика Британија, имам еден пријател таму, нивната временска рамка за ова е до 2026 година. Добро е да се знае за да можеме да си планираме. Колку пати да се вакцинираме? На секои две години? На секои два месеци? Кој знае? Еве ги проблемот. Ништо од ова не одговора на науката, вирусологијата, вакцинологјата, имунологијата… Ќе примите вакцина, но се случува неверојатно брзо опаѓање на имунолошкиот одговор по примањето, а никој не знае зошто. Никој не го поставува прашањето зошто? И сега велат да примите трета доза… но, треба да се има в предвид дека „многу, не секогаш е добро“. Знаете, исто е како со вакцините против грип. Ако примите премногу, едноставно може да го угасите вашиот имунолошки одоговор. Премногу, не значи секогаш дека е добро. Тоа мислење во овој случај е пренаивно,” дециден е Малоун.

А во светот и кај нас, третата доза веќе станува обична рутина…

Целосното интервју на овој брилијантен научник, погледнете го во продолжение:

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!