КРИМ ЗА ПРВПАТ НАПАДНАТ СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ?! ЌЕ СЛЕДИ ЛИ ЕСКАЛАЦИЈА НА ВОЈНАТА?! (ФОТО+ВИДЕО)

КРИМ ЗА ПРВПАТ НАПАДНАТ СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ?! ЌЕ СЛЕДИ ЛИ ЕСКАЛАЦИЈА НА ВОЈНАТА?! (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку експлозии пред неколку моменти се случија во близина на селото Новофедоровка на Крим, изјави советник на шефот на Крим.

Според првичните информации, одекнале 7 експлозии.

Според локалните жители, огромен чад се издига над селото Новофедоровка. Чадот е видлив од различни градови, па дури и на плажата во Евпаторија.

Инцидентот се случил на аеродром во регионот Саки на Крим, според прелиминарните податоци, соопштија властите.

„Како што можете да разберете, проектили со дострел од 200-300 километри веќе се во служба кај нас и се користат,“ пишува поранешниот советник на шефот на Министерството за внатрешни работи на Украина, Андрусив.

Дали е ова доказ дека не може да им се верува на гаранциите на Американците?! Дали Вашингтон реши да ја ескалира ситуацијата?!

Сепак, последните информации велат дека немаше проектили. Исто така, на Крим има моќна воздушна одбрана.

Значи, веројатно се работи за некаква саботажа.

Истото го потврдува и главниот уредник на RT, Маргарита Симонјан, која пишува во врска со очевидците дека експлозиите во Новофедоровка не биле по ракетни напади, туку она што се случило била саботажа.

Останува да видиме дали Киев реши да си игра со оган и дополнително ги зголеми тензиите и потенцијално опсегот на руската воена операција во Украина, користејќи американско оружје, или пак се работи за нешто друго.

Додека да ја дознаеме целосната вистина, погледнете што се случуваше на следните фотографии и видеа:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!