кучешки грип

КУЧЕШКИ ГРИП?! МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ НА СТОТИЦИ КУЧИЊА ЈА АЛАРМИРАШЕ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – ОПАСНА ЛИ Е ПО ЧОВЕКОТ?!

Сопствениците на кучиња во Источен Јоркшир предупредија дека нивните миленици се разболеле по прошетката долж брегот на тој регион, и покрај тоа што истражителите по неодамнешните инспекции не открија никаква директна врска помеѓу областа и оваа болест.

Ветеринарите тврдат дека забележале случаи на тешко повраќање и дијареја кај кучињата кои неодамна го посетиле североисточниот брег.

Откако се идентификувани првите случаи, британските медиуми известија дека се погодени стотици кучиња, а првата објава на социјалните мрежи е проследена со над 1.500 одговори.

Кет Бегинс, сопственичка на куче, рече дека нејзиниот љубимец морал да помине 6 дена кај ветеринарот откако прошетал во околината на Бридлингтон.

Одделението за животна средина, храна и рурални прашања (DEFRA) потврди дека е во преговори со Агенцијата за здравје на животните и растенијата. Тим на крајбрежните служби од регионот сепак тврди дека не нашле “ништо необично” во тек на инспекцијата на брегот.

Наговестувајќи дека ситуацијата може и да се влоши, локалните власти тврдеа дека куќните љубимци започнале да се разболуваат и во другите делови од регионот иако не ги посетувале плажите, наведувајќи дека може да станува збор за “општа болест помеѓу кучињата.”

“Од извештајот на локалните ветеринарни ординации, болеста која се гледа кај кучињата и спроведените тестови не даваат никакви директни врски со користењето на плажите,” рече Кирсти Солсбери, генерален директор на крајбрежните служби на Советот на регионот.

Се поставува прашањето, каква е оваа болест која сега одеднаш ги напаѓа речиси сите кучиња во еден регион, а не може да биде идентификувана од ветеринарите и службените лица?!

Дали се работи за нешто опасно и по човековото здравје?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!