ЛАВРОВ ЗА 75-ГОДИШНИНАТА ОД АТОМСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ХИРОШИМА: „ТЕШКО Е ДА СЕ РАЗБЕРЕ ШТО ГИ ВОДЕЛО ОНИЕ КОИ ИЗВРШИЛЕ ТАКОВ НЕЧОВЕЧКИ ЧИН“

ЛАВРОВ ЗА 75-ГОДИШНИНАТА ОД АТОМСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ХИРОШИМА: „ТЕШКО Е ДА СЕ РАЗБЕРЕ ШТО ГИ ВОДЕЛО ОНИЕ КОИ ИЗВРШИЛЕ ТАКОВ НЕЧОВЕЧКИ ЧИН“

Иако оваа година одбележувањето на првиот и единствен геноцид врз цивилите направен со употреба за оружје за масовно уништување поминува во сенка на случувањата во Украина и Тајван, вреди да потсетиме на обраќањето на Сергеј Лавров до учесниците на меморијалната церемонија во Хирошима по повод 75-годишнината од атомското бомбардирање, (6 август 2020 г.).

„На 6 август 1945 година, САД извршија атомски напад врз Хирошима, а три дена подоцна и врз Нагасаки.

До денес, страшната смрт на невините цивили одекнува со болка во срцата на милиони луѓе на планетата. Дури и со јасно разбирање на потеклото и текот на Втората светска војна, тешко е целосно да се разбере што ги водело оние што планирале и извршиле таков нечовечки чин.

Офанзивата на советските трупи на Далечниот Исток, во рамките на сојузничките договори, не само што ги ослободи Кина и Кореја, туку и ја лиши Јапонија од мотивацијата за продолжување на воените операции.

Во такви околности, американските атомски бомбардирања беа во суштина демонстрација на сила и борбен тест на нуклеарно оружје врз цивили,“ рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Соединетите Американски Држави се првата и единствена земја која употреби ваков тип на оружје за масовно уништување.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!