ЛАВРОВ ЗА КОСОВО: „ПРИШТИНА Е САМОПРОГЛАСЕНА КРИМИНАЛНА КВАЗИ ДРЖАВА“

ЛАВРОВ ЗА КОСОВО: „ПРИШТИНА Е САМОПРОГЛАСЕНА КРИМИНАЛНА КВАЗИ ДРЖАВА“

Најновото обраќање на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, предизвика бура и во нашето соседство.

„Ги предупредивме западните колеги дека украинските амбасади нудат услуги за испраќање платеници во Украина, со што ги прекршуваат меѓународните конвенции и го дискредитираат статутот на дипломатските претставништва.

Некои од овие платеници даваа изјави на интернет и јасно е дека ќе се борат за пари.

Што се однесува до поддршката на Приштина за Киев, се работи за тоа дека Приштина е самопрогласена криминална квази држава која сака само да ја искористи ситуацијата за да постигне признавање на својата квази-независност.

Нашиот став е познат, предупредивме за недозволивоста на поттикнување на однесувањето на Приштина и се залагавме прашањето да се реши врз основа на резолуцијата 1244. Договорот за формирање на ЗКК беше направен во 2013 година, а кога ќе ги потсетиме нашите западни колеги дека не е спроведено – молчат.

ЕУ ја покажа својата целосна неодржливост како гарантoр на договорот.

Убеден сум дека ЕУ нема да изврши притисок врз Приштина да го исполни договорот чиј гарант беше ЕУ. Ниту САД нема да вршат притисок. Тие се чувствуваат одлично, ја направија базата на Бондстил и подготвени се да и простат на Приштина,“ го заврши својот жесток говор поврзан со Косово, Сергеј Лавров.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!