majmunski sipanici

ЛГБТ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАБЕЛЕЖА 36 НОВИ СЛУЧАИ ЗАБОЛЕНИ ОД МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Британските здравствени власти денеска соопштија дека во Англија се откриени 36 нови случаи на мајмунска сипаница и прва инфекција во Шкотска.

Британската агенција за здравствена безбедност наведува дека вкупниот број на заразени во Англија од 7 мај се зголемил на 56, но таа нагласи дека ризикот за Британците е мал, иако постои загриженост.

Премиерот Борис Џонсон рече дека неговата влада внимателно ги следи околностите околу пренесувањето на вирусот.

– Во суштина, тоа е многу ретка болест и последиците не изгледаат особено сериозни, но важно е да се следи што се случува – изјави Џонсон на новинарите. Здравствената служба истакна дека вирусот на мајмунски сипаници не се пренесува лесно меѓу луѓето.

Повеќе од 100 сомнителни и потврдени случаи на оваа болест во Европа и Северна Америка не се сериозни, објави претходно Светската здравствена организација.

Експертите претходно предупредија дека вирусот е најзастапен кај ЛГБТ популацијата, поконкретно кај хомосексуалците и бисексуалците.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!