ЛУКАШЕНКО: ЗЕЛЕНСКИ НЕ Е НЕЗАВИСЕН, СО НЕГО КОМАНДУВААТ БАЈДЕН И БОРИС ЏОНСОН, ВОЈНАТА НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ АКО СССР ОПСТАНЕШЕ

ЛУКАШЕНКО: ЗЕЛЕНСКИ НЕ Е НЕЗАВИСЕН, СО НЕГО КОМАНДУВААТ БАЈДЕН И БОРИС ЏОНСОН, ВОЈНАТА НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ АКО СССР ОПСТАНЕШЕ

Лукашенко: Зеленски не е независен, со него командуваат Бајден и Борис Џонсон, војната немаше да се случи ако СССР опстанеше

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека западните земји ја туркаат украинската Влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила таа иницијатива.

„Направив сѐ за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Всушност, сакав да ги поставам моите граничари на 400 километри долгата граница и да и пружам останата помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да ја започнат оваа војна,“ нагласи Лукашенко.

Во интервју за јапонскиот телевизиски канал TBS, тој рече дека ако Советскиот Сојуз опстанел до ден-денес, многу конфликти во светот можеше да се избегнат.

„Да опстанеше Советскиот Сојуз до денес, можевме да избегнеме какви било конфликти во светот. Сите. Западот и Америка секогаш морале да сметаат на позицијата на Советскиот Сојуз,“ рече тој.

Според него, за време на постоењето на СССР светот бил мултиполарен, едниот пол го балансирал другиот.

Белорускиот лидер истакна дека Киев воведе санкции кон Белорусија уште пред тоа да го стори Западот во интервју за јапонската мрежа ТБС, кое беше објавено на белорускиот канал на Јутјуб Белорусија-1.

Тој изјави дека економиите на Русија и Белорусија се практично неразделни.

„Економски тоа е практично нераскинлив систем. Распадот на тој систем би предизвикал економска катастрофа,“ рече Лукашенко.

Лукашенко додаде дека Русија има причини да не и верува на Владата во Киев, како и дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, има мала контрола врз она што се случува во Украина.

„Украина не треба да биде точка за напад на Русија. Москва и нуди на Украина исто како и на Белорусија, што значи дека Украина би можела да биде како Белорусија,“ со некои различни нијанси, рече тој.

Лукашенко рече дека украинскиот претседател Владимир Зеленски во моментов има мала контрола врз процесите што се случуваат во земјата.

„Сега можам само да го изразам своето гледиште за Зеленски. Верувам дека малку ги менаџира процесите во Украина. И пред конфликтот, тој не се вклучил многу во овие процеси, веројатно поради неговата подготвеност или неподготвеност. Но, тој не е глупава личност. И се надевав дека со искуството, во вториот претседателски мандат, апсолутно адекватно ќе ја менаџира ситуацијата во Украина. Тоа не се случи. Конфликтот започна,“ го цитира БелТА.

Според Лукашенко, ситуацијата во Украина моментално ја контролираат претставници на Западот и на САД, кои го презедоа процесот на спротивставување на Русија во свои раце.

„Покрај тоа што таму официјално го испорачуваат најмодерното оружје, мислам дека се задолжени за целосен воен отпор, воениот процес во Украина. Грубо кажано, Зеленски има два телефона на своето биро: едниот телефон, другиот телефон е сателитска врска со Бајден и британскиот премиер Џонсон. Два телефони. Сето ова во основа е контролирано од овие двајца лидери. Зеленски е зависна личност,“ рече претседателот на Белорусија.

Лукашенко вети и дека ќе направи се што е во негова моќ за да се стави крај на војната во Украина.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!