кери херт

МАЈКА (49) ОСТАНАЛА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ПО BAКЦИНИРAЊEТO ЗА KOВИД-19! ДОБИЛА ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА И МОЗОЧЕН УДАР! (ФОТО)

Кери Херт од Киветон, Англија, морала да оди на итно спасоносно лечење по јавувањето на тромб во мозокот и тоа една недела по вакцинацијата.

Оваа мајка која го добила згрутчувањето на крвта во мозокот и потоа и мозочен удар како резултат на вакцината за ковид-19, ја повикува владата да и даде поголема поддршка.

Херт (49), во април годинава морала да биде пренесена во болницата Халамшир во Шефилд по формирањето на тромб една недела по примањето на вакцината од АстраЗенека.

Во текот на итната операција и е отстранет дел од черепот, затоа што претрпела “тежок мозочен удар”, кој резултирал со парализа на левата страна на телото.

Една недела подоцна во нејзиниот мозок се собрала течност, по што била потребна уште една операција за спасување на нејзиниот живот, како би се вградил дрен во черепот. Оваа постапка резултирала со уште три недели поминати на интензивна нега.

По речиси пет месеци во болница, госпоѓата Херт сега се врати во својот видоизменет дом, прилагоден за нејзината моментална состојба.

Докторите овие компликации навистина ги припишале на вакцината, а сопругот на Кери, Патрик, кој помина неколку месеци во болница покрај неа, нагласува дека нивното семејство не е “против вакцинацијата”.

Тој, сепак, ја повика владата да им даде поголема поддршка на семејствата како неговото, велејќи: “Им се помага на милиони луѓе, но на оние кои патат треба да им се даде потребната поддршка, затоа што, на крајот на краиштата, го правевме само она што од нас се бараше за некаква општа добробит.”

“Бевме здрав пар кој за викенд пешачеше околу 6 милји (10 километри) и не очекувавме вакво нешто.”

Кери Херт со синовите Калум (во средина) и Џордан

Господин Херт додаде дека разговарал со адвокатите за тоа како да бараат поддршка или некаква компензација како резултат на она што се случило, но никој не сакал да го преземе случајот.

Тој вели: “Владата многу крие за нус-појавите и тоа е она што не нервира!”

“Мислам дека беше избрзано. Не знаевме за згрутчувањата на крвта се додека подоцна не почнаа да се појавуваат, но не кажаа што ќе направат за луѓето кои се погодени од тоа.”

“Знаеме дека тоа спаси многу луѓе, но за нас тоа тргна наопаку и тие мораат да не поддржат.”

Госпоѓа Херт, инаку мајка на две деца, ќе изјави: “Мислевме дека ја правиме вистинската работа со тоа што ја примивме вакцината, но очигледно е дека за мене сѐ тргна наопаку”.

Кери Херт не може да се врати на своето старо работно место во Сантандер, а прилагодувањето на куќата чинело над 4.000 фунти, поради што нејзиниот брат, Дејвид Поучер, поставил GoFundMe страница на која може да и се помогне неа и на сопругот. Оваа страна досега собрала над 8.000 фунти, а парите ќе одат за купување на специјалистичка опрема, како и за плаќање на следните потребни физиотерапии.

Госпоѓа Херт, исто така, ја чека уште една операција, во која ќе и биде вградена метална плоча на местото на делот од черепот кој сега и недостасува.

Таа ќе додаде дека поддршката која ја добива е “неверојатна”.

“Луѓето беа така љубезни и така добри поддржувајќи не. Воодушевени сме со тоа.”

“Поддршката и од нашето семејство е неверојатна. Не би можеле да го поминеме ова без нив.”

Кери била потполно здрава пред вакцинацијата потполно да и го промени животот

Господин Поучер (брат на Кери) вели дека ставот на неговата сестра и зетот, во текот на сите месеци борба, биле “неверојатни.”

Ќе каже: “Таа сега е врзана за инвалидска количка и има секојдневна физиотерапија во обид да и се помогне да го врати движењето на левата страна од нејзиното тело.”

“Силни сме како семејство, но неверојатно е тоа како Кери се носеше со една ваква разорна ситуација. Таа не се жали и само продолжува со тоа. Тие сеуште не добиле ниту пени од системот за бенефиции, по тоа што животот им се преврти наопаку.”

Запрашана како успеала да се избори со ситуацијата така добро, госпоѓата Херт ќе каже: “Мислам дека се работи за тоа да се живее ден за ден и да се има позитивен став.”

Kolovrt/ExaminerLive

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom