italija makedonija

ВИДЕА ВО ЖИВО МАКЕДОНИЈА Е НА НОЗЕ!! ВЕЧЕРВА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ИТАЛИЈА – СЕГА СМЕ НА ЧЕКОР ДО СП!


Македонската фудбалска репрезентација приреди сензација во Палермо, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март.

Најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута.

Италијанците очекувано започнаа офанзивно, но нивната најголема шанса уследи по половина час игра по кардинална грешка на Димитриевски, кој му ја подари топката на работ а шеснаесетникот на Берарди, но во продолжение на акцијата со навремена интервенција го одбрани неговиот удар кон празната мрежа.

Кога сè навестуваше дека мечот во Палермо ќе оди во продолженија, Трајковски со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада немоќниот Донарума и донесе огромна радост за околу 1.500 македонски навивачи во Палермо.

Македонија е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе и биде потребна уште една гостинска победа на 29 март во Порто против Португалија, која вечерва во второто полуфинале од групата ја совлада Турција со 3-1.

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО!

makedonija italija
italija makedonija

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!