МАКРОН СО ИЗЈАВА КОЈА ГИ ШОКИРАШЕ САД: „РУСИЈА Е ВО ЕВРОПА И ЕВРОПА ТРЕБА ДА ИМА СВОЈА, А НЕ НАДВОРЕШНА ОДБРАНА“

МАКРОН СО ИЗЈАВА КОЈА ГИ ШОКИРАШЕ САД: „РУСИЈА Е ВО ЕВРОПА И ЕВРОПА ТРЕБА ДА ИМА СВОЈА, А НЕ НАДВОРЕШНА ОДБРАНА“

„Треба да се направи се за ситуацијата да не излезе од контрола“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по повод квалификациите на американскиот претседател Џозеф Бајден дека рускиот претседател Владимир Путин е „касап“.

Не би користел такви зборови. Продолжувам да разговарам со претседателот Путин. Сакаме без водење војна и ескалација да ја запреме војната што Русија ја започна во Украина. Затоа избравме да не реагираме воено. Мојата цел како претседател е да ги заштитам Французите од војната на наша почва. Решивме да ја санкционираме Русија, да им помогнеме на Украинците да издржат во отпорот, да примат бегалци и да постигнеме прекин на огнот и повлекување на трупите. Ако го сакаме тоа, мора да избегнеме ескалација и на зборови и на дело – изјави вчера Макрон.

Шефот на француската држава ја посочи географската положба на ЕУ, која е сосед на Русија:

– САД се наш сојузник во рамките на НАТО. Работиме со нив, тоа е добро, делиме многу заеднички вредности. Но, оние што живеат крај Русија се Европејци. Затоа веќе пет години велам дека ние Европејците мора да имаме одбранбена политика и дека треба само да го дефинираме просторот и архитектурата на безбедноста, а не да ја делегираме на други. Не смееме да заборавиме на нашата географија и историја. Ние не сме во војна со рускиот народ, рече Макрон.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!