МАЛИОТ ДИКТАТОР СО ГОЛЕМА ДИКТАТУРА - СЕВЕРНА КОРЕЈА ПРИЈАВИ МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ, КИМ ЈОНГ УН НАРЕДИ РАСПОРЕДУВАЊЕ НА „МОЌНИ ВОЕНИ СИЛИ“

МАЛИОТ ДИКТАТОР СО ГОЛЕМА ДИКТАТУРА – СЕВЕРНА КОРЕЈА ПРИЈАВИ МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ, КИМ ЈОНГ УН НАРЕДИ РАСПОРЕДУВАЊЕ НА „МОЌНИ ВОЕНИ СИЛИ“

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лековите за ковид-19 во главниот град Пјонгјанг во борбата против првото потврдено жариште на болеста во земјата, објавија државните медиуми.

Минатата недела дојде првото признание на Северна Кореја за „експлозивната“ епидемија откако тој повеќе од две години тврдеше дека кај нив нема зараза. Експертите предупредуваат дека ова би можело да предизвика многубројни проблеми во земјата со ограничени медицински резерви и без програма за вакцинација.

Лековите што ги набави државата не стигнуваат до луѓето на законски и правилен начин, рече Ким на итниот состанок на Политбирото во неделата, пред да ги посети аптеките во главниот град, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ким нареди итно распоредување на „моќни воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“, се додава. Иако властите наредија распределба на националните резерви на лекови, аптеките не беа добро снабдени за непречено вршење на своите функции.

Ким Џонг-Ун го критикуваше и „неодговорниот“ однос на владата и на јавното здравство спрема работата, организацијата и извршувањето, се додава.

Соседна Јужна Кореја нема да штеди напори за да му помогне на Северот во борбата против епидемијата, рече претседателот Јун Сук-Јеол денеска во парламентот, додавајќи дека е спремна да му даде вакцини против ковид-19 и друга медицинска помош, ако се согласи Пјонгјанг.

Бројот на заразените со ковид-19 во Северна Кореја изнесуваше 1.213.550 лица со 50 смртни случаи до вчера.

Процент на смртност помал од обична настинка, не можев да одолејам, а да не напоменам…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!