egzit festival

МАЛКУ АКТИВИЗАМ, МАЛКУ ДРОГА, МАЛКУ МУЗИКА?! ВО ТЕКОТ НА ТРЕТИОТ ДЕН НА ЕГЗИТ ПРИВЕДЕНИ 36 ЛИЦА КОИ ТРГУВАЛЕ РАЗНИ НАРКОТИЦИ

Демек луѓето добро се забавуваат на Егзит, дека тоа е фестивал наменет за нашата младина, но ако се суди по цените, нашата младина нема што да бара на овој фестивал, бидејќи кога ќе додадеш две пива, те чинат како дури половина грам марихуана, но овде фестивалот кој стана познат по кампањата за вaкцинација продолжува со својата работа собирајќи стотици илјади посетители.

Организаторите на фестивалот тврдат дека овој „фестивал“ зрачи со активизам, особено „зелените“ во борбата за заштита на животната средина и борбата против климатските промени, а сега се поставува прашањето дали со шмркање наркотични дроги се бориме против климатските промени?

Како што пренесуваат медиумите, припадниците на МВР на третиот ден од „ЕГЗИТ“ од вкупно 36 лица заплениле разни видови наркотици, најмногу на подрачјето на Петроварадинската тврдина.

Замислете само колку наркотици не се пронајдени.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, уапсен е С.С. (1986) од околината на Нови Сад.

При претресот во неговата куќа, полицијата пронашла 150 грама сушена марихуана, десет стебленца канабис, со бруто тежина од околу 3,5 килограми, семки од ова растение и дигитална вага.

На С.С му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен кај повисокиот јавен обвинител во Нови Сад.

Против останатите пријавени, кај кои се пронајдени помали количества марихуана, амфетамини, кокаин, „екстази“ и други психоактивни супстанци, ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено поседување наркотични средства.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!