МАСКИТЕ СЕ И ОПАСНИ!

МАСКИТЕ СЕ И ОПАСНИ!

Чест аргумент е дека можеби маските и не функионираат, ама демек – нема штета од нив и треба да направиме се за да спасиме некој живот.

Меѓутоа – не е така. Покрај проблемите во социјализацијата кај децата, се појави и оваа нова студијата објавена во Nature, која го покажува она што е веќе познато со децении: маските многу брзо се контаминираат со патогени бактерии и габи.

Значи, не зборуваме за лабораториска студија, каде се тестираат маски врз кукли и со прскање од спреј, во стерилни услови на контролирана влага, притисок, и каде потоа маската се фрла или заменува – туку во реални услови на секојдневен живот кога маската ја носи човек во својот секојдневен живот (во јавен превоз, на пазар, и слично,…).

Во конретниот случај, анализирана е популацијата во Јапонија, високо-технолошки напредна земја со завидни хигиенски навики и висок стандард на живот.

„Бројот на патогени колонии во маските за лице беше поголем кај бактериите отколку кај габите, од страната на лицето; бројот на габични колонии беше поголем на надворешната страна. Подолгото носење на истата маска кореспондира со поголем број колонии патогени габи, но не и бактерии“. Носењето маски последователно доведува до директна изложеност на бактерии и габи кои постојано се вдишуваат. Ова е особено алармантно бидејќи Aspergillus, Cryptococcus, Pneumocystis и ендемични габи се главните белодробни габични патогени кои можат да резултираат со инвазивни болести опасни по живот.

Оние кои сè уште тврдат дека придобивките ги надминуваат ризиците, треба да ја разгледаат големината на порите на маската и вирусите. Маските не ги спречуваат успешно бактериите ниту габите; како треба да можат да ги запрат честичките кои се уште многу помали? Како што е наведено погоре, ова е општо познато со децении, а сепак се спроведуваат такви штетни политики. Главни и одговорни за ова се „државните виролози“ како Фаучи и Дростен во САД и Германија соодветно (а кај нас ликови од типот на Караџовски. Тие тврдеа дека маските не делуваат и се потенцијално штетни до 2020 година, а потоа го тврдеа токму спротивното од март 2020 година за да ја запалат и измамат пошироката јавност.

И ете и уште еден одговор на прашањето кое ни се наметна во овој текст:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!