мз скандал

МЕГА СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО: ОДБИЛЕ ДА ДАДАТ ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ОКОЛУ KOBИД 19 ИАКО ЗАКОНОТ И ВЛАДИНА АГЕНЦИЈА ГИ ОБВРЗАЛА ДА ГО НАПРАВАТ ТОА (ДОКУМЕНТИ)

Што ќе се случи доколку ве “фатат” потполно здрави (но невакцинирани!) во кафеана, и покрај фактот дека новите мутации на корона вирусот се шират исклучиво помеѓу вакцинираните? Ќе добиете кривична пријава!

Што ќе се случи доколку едно владино министерство (Министерство за Здравство) не постапи според Законот за пристап до информации од јавен карактер и одбие да одговори на вашето официјално барање во предвидениот рок? – Апсолутно ништо!

Што ќе се случи, пак, доколку едно владино министерство (Министерство за Здравство) не постапи по наредба на ДРУГА ВЛАДИНА АГЕНЦИЈА (Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер), за да ви овозможи пристап до бараните информации во рок од 7 дена? – Повторно апсолутно ништо!

Сепак, овојпат овој мега-скандал ќе биде разоткриен пред целата македонска јавност. Овојпат, благодарение на Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС, нам и јавно ни е достапна целосната документаицја за случајов, со која буквално се гледа грубото прекршување на законите од страна на, ни помалку ни повеќе, самите водечки органи за извршната власт, односно министерството за здравство.

Овојпат, можеби е можна и кривична постапка.

Дали ова криење на податоците околу ковид 19, маските, пцр тестовите и вакцините значи дека постојат информации кои министерството СЕ ПЛАШИ да ги открие пред пошироката јавност?

Дали ова ќе го смени текот на т.н. пандемија во Република Македонија?

Целосното соопштение на здружението ОД НАС ЗА НАС ви го пренесуваме во целост:

“ИНСТИТУЦИИТЕ НАД ЗАКОНИТЕ!

Почитувани истомисленици и вие кои тоа не сте,

Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје во септември поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство (МЗ). Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер (Закон) МЗ е должно да одговори на нашето Барање или со доставување на бараните информации или со одговор дека бараните информации не претставуваат информации од јавен карактер.

Бидејќи одговорните лица во МЗ не го почитуваат Законот за пристап до информации од јавен карактер (Закон) и не одговорија на нашето барање во законскиот рок, Здружението два пати доставуваше жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (Агенција).

Замислете! По однос на нашите жалби Агенцијата и двата пати констатираше дека службените лица во МЗ не постапуваат согласно Законот и издаде Решенија до МЗ во рок од 7 дена да ги достави бараните информации или да одговори негативно на нашето барање. Но, МЗ ЈА ИГНОРИРА И АГЕНЦИЈАТА не одговарајќи и на нејзините барања за што се обврзани со закон!

Во прилог е последното Решение кое го добивме од Агенцијата како одговор на нашата втора жалба во кое може да ги прочитате сите детали околу овој предмет. Ова Решение е мериторно (конечно) и понатаму немаме право на жалба. Непостапувањето на МЗ согласно законите е евидентно. За тоа имаме и формални документи (решенија) подготвени од надлежната Агенција која спроведува надзор над институциите дали работат согласно Законот.

Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, казната е прекршочна и е само за службените лица, не и за одговорните и изнесува 250 евра во денарска противвредност. Неколкумина правници советуваа дека следна инстанца е Државниот Управен Инспекторат кој ќе постапи слично како и Агенцијата, ќе бара од МЗ изјаснување и потоа може да изрече и казна.

Но, ова не е цел на нашата постапка. Нашата цел е да одиме понатаму со постапката, сакаме да ги добиеме одговорите или пак, евентуално да стигнеме до кривична постапка врз основа на овој предмет.

Со оваа објава ги повикуваме сите лица правници/адвокати кои навистина се борат за правда и почитување на правото и законите да нѐ контактираат во порака со цел здружено овој предмет да го однесеме онаму каде што му е местото со надеж дека некаде ќе профункционира правдата во нашиот т.н. правен систем. Повеќе мислења се добредојдени. Голема благодарност на сите кои до сега несебично ни даваат совети.

Здружение за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС Скопје

П.С.Доколку не можете да го прочитате убаво документот, ова се барањата кои ги поставивме:

1. Научен доказ, студија која недвосмислено покажува дека причинителот SARS-COV-2 е изолиран. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни;

2. Научна студија која недвосмислено ја покажува способноста и максималната релевантност на PCR и RT -PCR методата во детектирање на SARS-COV-2 причинителот, односно научна студија која недвосмислено докажува „златен стандард“ со највисок степен на чувствителност и највисок степен на специфичност на PCR и RT -PCR методата во детектирање на SARS-COV-2 причинителот. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни;

3. Сертификати од страна на производители на заштитна опрема – маска со научни истражувања и научен доказ кој недвосмислено покажува дека пропишаната заштитна опрема, маска штити од причинителот SARS-COV-2. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантн;

4. Научни истражувања и научни докази кои гарантираат дека наведената заштитна опрема – маска не предизвикува несакани штетни дејства врз здравјето на луѓето и децата. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни.

5. Дали до сега е извршена евалуација на пропишаните мерки за заштита од причинителот SARS-COV-2 во однос на нивната успешност со справување со епидемијата во Република Македонија? Кој ја вршел таа евалуација? Ве молиме доставете резултати од истата.

6. Дали до сега е извршена евалуација на коефициентот корист/штета на пропишаната мерка заштитна опрема-маска од причинителот SARS-COV-2 во Република Македонија? Кој ја вршел таа евалуација? Ве молиме доставете резултати од истата.”

На крајот, уште еднаш да дадеме поддршка и апел до сите правници со сеуште жива слободарска искра, да истрајат и да придонесат кон борбата за вистината, вистина без која правдата едноставно не може да егзистира како таква.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!