беким сали од нас за нас

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРABCТВО СЕ ПОТПИША НА ДОКУМЕНТ ВО КОЈ ПРИЗНАВА ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА KOBИД ОГРАНИЧУВАЊАТА, ПА ДУРИ И ПОСТОЕЊЕТО НА САМИОТ ВИPУC KOBИД 19!

Дали по едно вакво официјално признание некој конечно треба и кривично да биде одговорен пред Уставот и законите на Република Македонија?!

Дали луѓето од министерството за здрaвство и Комисијата за Заштита од Зaразни Болeсти кои се директни виновници за крахот на македонската економија, уништувањето на угостителите и речиси сите други мали претпријатија, забраните за движење, задолжителното носење маски, ширењето на страв и хистерија, кои заедно предизвикаа енормно зголемување на психолошките пореметувања кај нашето население, доведоа до забавување на менталниот развој кај децата и, на крајот, го поделија нашето општество, ДЕЛУВАЛЕ ИСКЛУЧИВО ПО СВОЈА ВОЛЈА, БЕЗ НИКАКВИ НАУЧНИ ДОКАЗИ?!?

Документот потпишан од министерот за здравство, Беким Сали, го покажува токму тоа.

Ви го пренесуваме во целост соопштението од Здружението за Заштита на Човековите Права „Од нас за нас“, кое преку својата Фејсбук Фан Страна го изнесе доказот кој, се надеваме, ќе оконча нечии кариери.

„ШЕСТ МЕСЕЦИ МУ БЕА ПОТРЕБНИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ДА ОДГОВОРИ ДЕКА НЕ РАСПОЛАГА СО ДОКАЗИ?!?!?!

Почитувани членови на Здружението, почитувани следбеници,

Откако започна хистеријата околу KOBИД-19 пандемијата нашето Здружение се обраќаше до официјалните институции неколку пати со цел да прибереме најверодостојни информации околу случувањата, најмногу околу мерките кои ги предлагаше Кризниот штаб и Комисијата за зарaзни болeсти. Се обраќавме директно до Министерството за здрaвство бидејќи тие по службена должност можат да ги распределат предметите таму каде е потребно.

Поставуваме многу прашања, за маските, тeстовите, за број на починати за последните 5 години по причина за смрт, за починати од вaкцините, итн. Испраќавме ургенции кога не одговараа, но Министерството упорно се правеше глуво и слепо.

Со еден од предметите (кој го започнавме во септември) одевме преку Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Добивме две решенија во наша полза односно Агенцијата го задолжи министерството да одговори на прашањата.

И покрај решенијата, Министерството остана глуво. Поведовме и предлог прекршочна постапка за службеното лице во Министерството, пред еден месец разговаравме и со директорката на Агенцијата која рече дека ќе му укаже на министерот дека треба да одговорат.

Конечно, вчера, 8 март, после 6 месеци добивме одговор на нашите 6 прашања кои гласат:

1. Научен доказ, студија која недвосмислено покажува дека причинителот ЅАRS-СOV-2 е изолиран. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни;

2. Научна студија која недвосмислено ја покажува способноста и максималната релевантност на PСR и RТ -PСR методата во детектирање на ЅАRS-СOV-2 причинителот, односно научна студија која недвосмислено докажува „златен стандард“ со највисок степен на чувствителност и највисок степен на специфичност на PСR и RT -PСR методата во детектирање на ЅАRS-СOV-2 причинителот. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни;

3. Сертификати од страна на производители на заштитна опрема – маска со научни истражувања и научен доказ кој недвосмислено покажува дека пропишаната заштитна опрема, маска штити од причинителот ЅАRS-СOV-2. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантн;

4. Научни истражувања и научни докази кои гарантираат дека наведената заштитна опрема – маска не предизвикува несакани штетни дејства врз здравјето на луѓето и децата. Наведените студии и докази кои ги бараме пожелно е да биле објавени во земјава или пошироко, да биле рецензирани, и научно релевантни.

5. Дали до сега е извршена евалуација на пропишаните мерки за заштита од причинителот ЅАRS-СOV-2 во однос на нивната успешност со справување со епидемијата во Република Македонија? Кој ја вршел таа евалуација? Ве молиме доставете резултати од истата.

6. Дали до сега е извршена евалуација на коефициентот корист/штета на пропишаната мерка заштитна опрема-маска од причинителот ЅАRS-СOV-2 во Република Македонија? Кој ја вршел таа евалуација? Ве молиме доставете резултати од истата.

Одговорот на Миниcтерството гласи: Во врска со горенаведеното Барање информираме дека Министерството за здравство не располага со бараните информации и од тие причини не може да бидат доставени на начин и форма во Барањето.

Почитувани, дали разбираме што кажува одговорот на Министерството?

Член 2 од Закон за здравствена заштита (обрнете внимание на став 2):

(1) Здравствената заштита, во смисла на овој закон, опфаќа систем на општествени и индивидуални мерки, активности и постапки за:- зачувување и унапредување на здравјето,- спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и животната средина,- навремено и ефикасно лекување и- здравствена нега и рехабилитација.

(2) Мерките, активностите и постапките од ставот (1) на овој член мора да бидат засновани на научни докази, да бидат безбедни, сигурни, ефикасни и во согласност со професионалната етика.

Здружението ги бараше научните докази кои се искористени при пропишување на мерките за здравствена заштита согласно Законот. Каде се тие научни докази? Постојат ли? Врз база на што се донесени мерките доколку Министерството не располага со научни докази врз база на кои ги донесоа пропишаните мерки? Доколку донеле мерки кои не се научно докажани како што самите велат, што треба понатаму да се направи?

Со почит,

Здружение ОД НАС ЗА НАС Скопје“

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!