наночип

МИСЛИТЕ ДЕКА Е ОБИЧНА СЛУЧАЈНОСТ?!ОФИЦИЈАЛНО Е ПРОИЗВЕДЕН СИЛИКОНСКИ НАНОЧИП КОЈ МОЖЕ ДА ГО РЕПРОГРАМИРА БИОЛОШКОТО ТКИВО ВО ЖИВ ОРГАНИЗАМ!

Сепак наночиповите за човековото тело веќе и официјално постојат…

Силиконскиот уред што може да го претвори ткивото на кожата во крвен сад или нервна клетка, од прототип веќе се претвори во стандарден продукт, што значи дека сега може да биде континуирано фабрички произведуван. Ова дело на научниците од Универзитетот во Индијана за Медицина (внимавајте, за медицина!), ја доведува оваа направа чекор поблиску до потенцијална примена кај луѓето, и тоа при различен тип на здравствени состојби.

Оваа технологија, наречена ткивна нанотрансфекција, употребува неинванзивен наночип што може да ја репрограмира функцијата на ткивото преку апликација на (безопасна) електрична искра, која донесува нови специфични гени во ткивото за дел од секундата. Во лабораториските студии, уредот успешно претворил кожно ткиво во крвен сад, како би се санирала тешка повреда на ногата. Технологијава моментално се користи за репрограмирање на ткивата при разни видови на терапии, како на пример, поправка на одредено оштетување на мозокот причинета од мозочен удар или превенирање, па дури и враќање на оштетувањата предизвикани од дијабетес, во првобитната, здрава состојба.

“Овој извештај за тоа како точно треба да се произведуваат овие ткивни нанотрансфекциски чипови, ќе им овозможи на научниците да земат учество во новиот чекор од развојот на регенеративната медицина,” рече Chandan Sen, директорот на Центарот за Регенеративна Медицина и Инжинеринг во Индијана.

Sen, исто така, е лидер на одделите за регенеративна медицина и научен инженеринг при Иницијативата за Здравје на Универзитетот во Индијана и е водечки автор на оваа нова публикација.

“Овој мал силиконски чип и овозможува на нанотехнологијата да ја промени функцијата на живи делови од човековото тело,” дециден е тој. “На пример, ако нечии крвни садови се оштетени поради сообраќајна несреќа и е потребен доток на крв, ние не можеме да се потпреме на претходните крвни садови, затоа што тие се уништени, но можеме да го претвориме кожното ткиво во крвен сад и да го спасиме тој екстремитет кој е во ризик.”

Во извештајот за Nature Protocols, пак, научниците ги објавија и инженерските детали околу тоа како е чипот произведен.

Sen вели дека информациите за производството ќе доведат до понатамошен развој на чипот, со надеж дека еден ден тој ќе биде клинички употребуван во многу случаи низ целиот свет.

“Процесот на нанофабрикација на чипот типично трае пет до шест дена и, со помош на овој извештај, тој може да се употреби од секој оној кој е вешт во оваа дејност.”

Sen на крајот додава дека се надева на барање за одобрение до FDA (Американската Дирекција за Храна и Лекови), во рок од една година. Еднаш кога ќе се добие одобрението од FDA, уредот може да започне да биде тестиран на клинички студии врз луѓе, вклучувајќи ги и пациентите во болниците, оние на интензивна нега, како и при некои други ситуации во воената индустрија, односно бојното поле.

А сево ова до пред само неколку месеци беше обична “теорија на заговор”…

Секоја случајност со технологијата на производство на самите вакцини… е само случајна.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!