moderna

МОДЕРНА ПОВЛЕКУВА 764.900 ДОЗИ ПОРАДИ КОНТАМИНАЦИЈА СО ТУЃО ТЕЛО

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека повлекува од пазарот 764.900 дози од вакцината против ковид 19, бидејќи едно од шишињата што е производ на компанијата според договорот „Рови“ е загадено со туѓо тело.

Дозите беа дистрибуирани во јануари во Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.

Во соопштението се наведува дека контаминацијата е откриена во едно шише и дека целата испорака е повлечена „превентивно“.

„Модерна“ изрази уверување дека контаминацијата не претставува ризик за другите шишиња во целата испорака.

Не беше соопштено колку луѓе примиле вакцини од таа серија и дали за тоа биле навремено информирани.

Какви е тоа “туѓо тело”, исто така останува да погодуваме…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!