иван вилибор синчиќ урсула

МОЌНО! ХРВАТСКИ ЕВРОПРАТЕНИК И ОДГОВОРИ НА УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН КОЈА НАЈАВИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА BAKЦИHAЦИJA ЗА СИТЕ! (ВИДЕО)

Ако сѐ беше само обична “теорија на заговор”, австриското воведување на задолжителна, односно присилна вакцинација од месец февруари 2022, сите нас не врати во суровата реалност, реалност во која зборот демократија е само мисловна именка, а човековите права постојат само на хартија и единствено кога е потребно да бидат искористени за втемелување на одредена глобална агенда.

Неколку дена по австриската најава, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека е потребно да се разговара за задолжителна вакцинација на сите луѓе во целата Европска Унија.

Замислете, портебно е да се разговара за “теорија на заговор”…

Ова беше доволно да се активира и оној дел од европскиот парламент, оној дел од политичарите кај кои сеуште не е изгасната и последната искра од слободарскиот дух.

Хрватскиот европратеник, Иван Вилибор Синчиќ, одржа моќен, инспиративен, но и жесток говор и застанувајќи на страната на народот и почитувањето на исконското право на избор, притоа зборувајќи за сомнителниот квалитет на вакцините и и се обрати токму на претседателката на ЕК, Урсула фон дел Лајен, со зборовите:

“На почетокот, сакам да и одговорам на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен, која побара дебата за воведување задолжителна вакцинација.

Одговорот е едноставен. НЕ, не можете да ги направите задолжителни овие медицински продукти!

И зошто не можете да го направите тоа? Затоа што податоците и науката ни покажаа дека овие продукти се далеку, далеку, многу далеку од тоа што ни беше ветено дека се.

Ќе повторам одново и одново, на 25 февруари, тука во Брисел, во Европскиот Парламент, се одржа комисија со 7 главни извршни директори од големите фармацевтски компании, од Модерна и АстраЗенека, до Фајзер и Новавакс, сите беа таму.

Ние, како членови на европскиот парламент имавме право да им поставиме прашања околу нивните медицински продукти (вакцините). Тие одговорија дека (вакцините) се екстремно ефикасни, 90-95%, сите овие високи бројки…

9 месеци подоцна , што ние гледаме од податоците, што ни покажуваат науката и статистиката? Ни покажуваат дека ефикасноста е далеку, далеку помала од тоа што ни беше ветено! А тоа е бенефитот. Ефикасноста би била бенефит.

Исто така, има цени кои ги плаќаме за тој бенефит. Кои се тие цени?

Цената, се разбира, се сите тие несакани реакции. Секој продукт има свои несакани реакции. Значи, што ни вели науката за несаканите ефекти?

Вели дека има повеќе несакани реакции, нус-појави на овие вакцини за ковид, отколку на било кои други вакцини заедно и тоа вкупно во изминатите неколку децении!

Имаме продукти со сомнителен квалитет и токму поради тоа не можете да ги направите задолжителни! Не смеете!

Кога доаѓаме до слободата, сѐ повеќе чувствувам дека нашите уставни права и нашите човекови права се киднапирани и дека треба да плаќаме откупнина на секои 6 месеци или 1 година, треба да плаќаме откуп за да ги вратиме нашите слободи назад.

Ова е просто неприфатливо! Нашите права се неотуѓиви, а тоа значи дека не може еден “киднапер” да ги одземе од нас! Толку е просто! И не прифаќаме ништо друго!” – завршува хрватскиот европратеник Синчиќ.

Целосното видео можете да го погледнете во продолжение:

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!