МОСКВА ОТВОРА КРИВИЧНИ ПОСТАПКИ ЗА МАЧЕЊЕТО РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

МОСКВА ОТВОРА КРИВИЧНИ ПОСТАПКИ ЗА МАЧЕЊЕТО РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Рускиот истражен одбор денеска информираше за отворање кривични постапки поради мачењата извршени од украински сили над руски војници, додека Москва продолжува со воената кампања во Украина.

Според наведеното, украинските сили заробиле руски војници во регионите на Запорожје и Миколаев и тие биле незаконски држени од украинската безбедносна служба.

Русите биле подложени на физичко насилство и мачење, со цел да се натераат да дадат лажни објаснувања за фактичките услови на нивното незаконско задржување во просториите на Службата за безбедност на Украина, како и за (руската) специјална воена операција, пишува во соопштението.

Се проверуваат сите информации околу постапување со воени заробеници, тврди Украина, ќе се истражат сите неправилности и ќе се преземат соодветни правни дејствија.

Александар Бастрикин, водачот на Истражниот одбор, денеска нареди истрага и за наводно украинско гранатирање цивили во самопрогласената Народна Република Луганск, додека лицата се евакуирале преку соседниот регион Харков.

На 24 февруари, Русија испрати десетици илјади војници во Украина, во „специјална операција“ за, како што се тврди, демилитаризација и ослободување на Украина од националистичките екстремисти.

Украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции против Русија, обидувајќи се да ја присили да се повлече.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!