џо бајден русија забранет влез

Москва воведе санкции за Бајден, Блинкен, Хилари Клинтон… Забранет им е влез во Русија

Русија соопшти дека ги ставила американскиот претседател, државниот секретар и другите високи функционери на „стоп-листа“ што им забранува да влезат во земјата, објави агенцијата РИА новости.

Секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон беа вклучени на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите што Вашингтон ги воведе кон руските официјални лица.

Во соопштението на министерството за надворешни работи се нагласува дека таквата мерка „е контра реакција на русофобниот курс на актуелното американско раководство, кое очајнички се обидува да ја одржи американската хегемонија“.

На списокот се и Марк Мили, началникот на Здружениот генералштаб, портпаролот на Белата куќа Џен Псаки, првиот заменик-министер за финансии Адевеил Адејамо и уште неколку други лица.

Извор: МИА