moskva karantin

МОСКВА ЗАТВОРА СÈ НА ДВЕ НЕДЕЛИ! НИШТО НЕМА ДА РАБОТИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА РУСИЈА ПОРАДИ КОВИД 19!

Ситуацијата во Русија поприлично се заострува, кога е во прашање ситуацијата со Ковид 19 вирусот. Начинот на борба мириса на тотална репресија, каква што не е видена во скоро време.

Градоначалникот на Моска Sergey Sobyanin ја потпиша новата одлука со која се наредува вработените да останат дома. Се затвораат претпријатијата, образовните установи и владините канцаларии на две недели, поради брзиот пораст на бројот на заразени од корона вирусот.

Во соопштението објавено на интернет, Sobyanin изјавил дека: ”ситуацијата во Москва е со најлошото можно сценарио. Во наредните денови ќе го достигнеме историскиот врв кога е во прашање Ковид 19 вирусот.”

Во Москва помеѓу 28 октомври и 7 ноември ќе се применува “неработи денови”. Во пракса, ” работата на сите претпријатија и организации во територијата на градот Москва треба да бидат одложени, со исклучок на организациите кои го осигуруваат функционирањето на градската инфраструктура, претпријатија кои работат во континуиран циклус и оние во кои активностите неможат да бидат прекинати.”

Претпријатијата кои се бават со трговија, услуги, угостителство, спорт, култура, рекреација и забава ќе мора да се придружат на мерката за прекин. На рестораните и кафичите ќе им биде дозволено да работат, но само за лично превземање и достава, без задржување на гостите во објектот.

Канцалариите на владата на Москва исто така се затвораат, ќе биде забрането итна служба, додека децата од градските училишта и дворови ќе бидат испратени дома.

Според зборовите на градоначалникот на Москва, ”нашето искуство покажува дека неработните денови се најефикасен начин за намалување на заразеноста и смртноста со Ковид вирусот, на овој начин се овозможува да се прекине ланецот на инфекцијата во краток временски период.” Градоначалникот додал дека граѓаните на Москва треба да се ”одморат малку и да помогнат во спасување на животите и здравјето на многу луѓе – тогаш градот ќе може да се врати на нормалниот живот.”

Веста доаѓа само еден ден после потпишувањето на декрет за продолжување на планираниот државен празник како одговор по барање на штабот за корона вирусот од страна на рускиот председател Владимир Путин. Рано во четвртокот службите известија дека починале 1.036 лица од корона вирус во последните 24 часа, а пријавени се 36.339 нови случаи позитивни на корона вирусот. Бројот на смртни случаи како и бројот на позитивни лица се на највисоко ниво од почетокот на панедемијата од претходната година.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom