kako da se spasite od nuklearna bomba

НА ГЛУПОСТИТЕ ИМ НЕМА КРАЈ! АМЕРИКАНСКА ИНСТИТУЦИЈА СОВЕТУВА – ВО СЛУЧАЈ НА НУКЛЕАРЕН НАПАД, ДРЖЕТЕ ДИСТАНЦА И НОСЕТЕ МАСКА (ВИДЕО)

Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД, или ФЕМА, ги ажурираше своите упатства за подготвеноста на јавноста за „нуклеарна експлозија“, која вклучува совети за избегнување на Кoвид!

Владата на САД секако има долга историја на забавни и интересни совети кога станува збор за непосредна смрт…

„Нуклеарна експлозија може да се случи со или без предупредување од неколку минути“, пишува на страницата ажурирана во петокот.

Честичките се најопасни во првите неколку часа по детонацијата, кога тие испуштаат највисоки нивоа на радијација. Потребно е време за честичките да се вратат на нивото на земјата, често повеќе од 15 минути за области надвор од зоната на непосредна штета од експлозијата.

ФЕМА ги препорачува следните чекори за да се спречи „значајна изложеност на радијација“, кои вклучуваат:

Обидете се да задржите растојание од најмалку 1,5 метар помеѓу себе и луѓето кои не се дел од вашето домаќинство „и“ ако е можно, носете маска ако морате „да се засолните кај луѓе кои не се дел од вашето домаќинство“.

Тие дополнително додаваат:

Ако не се чуствувате добро, јавете се на 9-1-1 и кажете му на операторот дали имате, или мислите дека можеби имате, Кoвид-19. Ако можете, ставете маска пред да пристигне помошта.

Многу луѓе веќе чувствуваат реален страв и вознемиреност од кoронавируcот. Заканата од нуклеарна експлозија може да додаде дополнителен стрес.

Инаку, вистинските опасности поврзани со нуклеарни експлозии вклучуваат:

  • БЛЕСОКОТ може да предизвика привремено слепило за помалку од една минута.
  • УДАРНИОТ БРАН може да предизвика смрт, повреда и оштетување на структурите неколку километри оддалечени од експлозијата.
  • ЗРАЧЕЊЕТО може да ги оштети телесните клетки. Прекумерната изложеност може да предизвика зрачење.
  • ПОЖАР И ТОПЛИНА може да предизвикаат смрт, повреди од изгореници и оштетувања на објекти оддалечени неколку километри.
  • ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИОТ ПУЛС (EMP) може да ја оштети електричната опрема и електрониката на неколку километри од детонацијата и да предизвика привремени пречки.
  • ПРАШИНАТА е радиоактивна, видливата нечистотија и ѓубрето што паѓа од небото може да предизвика болест кај оние надвор.

ФЕМА, исто така, вели дека имате 10 минути откако ќе помине ударниот бран да ја пронајдете „најблиската, најдобра локација за засолниште“ доколку сте надвор кога експлодирала нуклеарната бомба, бидејќи нивото на радијација е највисоко веднаш по експлозијата.

Но, што и да правите, не заборавајте да носите маска и да практикувате социјално дистанцирање додека се надеваме дека ќе избегнете болна смрт од рак…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!