НА ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕМИЕР КОЈ ОДБИ ДА ЈА ОСУДИ РУСИЈА ВО ОН МУ СЕ СЛУЧУВА МУКОВСКИ МОМЕНТ

НА ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕМИЕР КОЈ ОДБИ ДА ЈА ОСУДИ РУСИЈА ВО ОН МУ СЕ СЛУЧУВА МУКОВСКИ МОМЕНТ

Откако ги игнорираше странските амбасадори во својата земја и одби да ја осуди Русија, колата тргна низбрдо за владата на пакистанскиот премиер. Закажано му е гласање за недоверба, а во меѓувреме,  дебело „се лобира“ кај неговите пратеници.

Одбивањето на Пакистан да ја осуди Русија во Обединетите нации се смета за сериозен неуспех на „меѓународната заедница.“ Сепак е тоа земја/пазар со 200 милиони луѓе и држава која е нуклеарна сила со 165 нуклеарни ракети.

За тоа постоеше голем притисок кој кулминираше со писмо на 22 амбасадори и шефови на странски мисии во Исламабад кои бараа Пакистан да се приклучи кон коалицијата земји кои ја осудуваат руската инвазија во Украина.

На гласањето во ОН, Пакистан сепак апстинираше и тука тргнуваат неволјите за владата на Имран Кан.

Закажано му е гласање за недоверба на владата, а Кан обвинува дека опозицијата најбезочно купува негови пратеници (познато сценарио, нели?!).

„Попрво ќе заминам отколку да си ја компромитирам совеста,“ изјави пакистанскиот премиер кој им порача на пребегнатите дека ќе им биде простено ако се вразумат и го задржат својот интегритет.

Тој тврди дека во парламентот се носат вреќи со пари со кои се пазарат гласовите потребни за паѓање на неговата влада.

„Вашите деца нема да можат да си најдат партнери, ќе ги исмеваат во училиште. Цел народ ве гледа, во време на социјални медиуми нема да може ништо да скриете, луѓето засекогаш ќе ве знаат како лица кои си ја продале совеста,“ наивно верува пакистанскиот премиер.

Кан потврди дека им рекол одлучно НЕ на бројните емисари од ЕУ и запад дојдени по поддршка на Исламабад против Турција. Според него, самото поставување на такво барање е кршење на протоколите.

„Ништо ние нема да добиеме ако се синхонизираме со политиката на ЕУ“, рече Кан и додаде:

„Станавме дел од американската војна во Авганистан и со тоа изгубивме 80.000 луѓе и 100 милијарди долари. Што ќе добиеме ако се вклучиме во војна со Русија?“ ги праша опозиционерите.

Кан во ваква ситуација ја пофали дури и надворешната политика на пакистанскиот архи-непријател Индија која наспроти санкциите, продолжи да купува руска нафта.

Претходно беше објавено и дека агендата поврзана со коронавирусот во земјата е на стаклени нозе. Во земја со 226 милиони жители, слаба стапка на вакцинација и никакви рестриктивни мерки биле регистрирани 0 (НУЛА) нови смртни случаи…

И потоа Имран Кан и пречи на глобалистичката „меѓународна заедница“… Епа пречи…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!