„НАЈГОЛЕМ ФАЛСИФИКАТ“, „ОСТАВКА ОД СИМОВСКИ“, „ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА“, ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ

„НАЈГОЛЕМ ФАЛСИФИКАТ“, „ОСТАВКА ОД СИМОВСКИ“, „ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА“, ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ

Истиот миг кога директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги соопшти официјалите резултати од пописот 2021, граѓаните ги преполнија социјалните мрежи со коментари. Речиси без исклучок искажуваат револт и бараат оставки од директорот Симовски и од Владата.

„Најголем фалсификат“, „Корумпирани институции“, „Гробари на сопствениот народ“, „Оставка од Симовски“, „Оставка од Владата“ се само некои од коментарите испратени за време на соопштувањето на резултатите. Граѓаните се сомневаат во резултатот од пописот поради тоа што многумина се изјаснија дека бојкотираат, имаше и некои што не им отвораа врата на попишувачите поради страв од коронавирусот, а други се жалеа дека попишувачите воопшто не ги посетиле поради што во последните денови од пописот беа отворени пунктови на кои на граѓаните им беше дозволено да дојдат сами и да се попишат.

Дури 132.269 лица се попишани преку преземени податоци од базите на податоци во земјава. За овие лица кои претставуваат 7,2 отсто од резидентното население нема податоци за етнички или верски карактеристики, бидејќи тоа се податоци кои не можат да се преземат, односно се лично чувство.

Пописот покажа дека во Македонија живеат 1.836.713 лица, односно 58,44 проценти Македонци, 24,3 проценти Албанци, 3,86 проценти Турци, 2,53 проценти Роми, 0,47 проценти Власи, 1,30 проценти Срби и 0,86 проценти Бошњаци.

Во дијаспората биле попишани 258.932 лица. Од нив, 24,45 Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!