пилот исфрла жена од авион

НАЈИНСПИРАТИВНОТО ВИДЕО ЗА 2021: ПИЛОТ ИСФРЛА ЖЕНА ОД АВИОНОТ ЗАТОА ШТО НЕ САКА ДА СЕДНЕ ПОКРАЈ НЕBAKЦИНИPAН ПАТНИК

Веќе се навикнавме да читаме како сѐ повеќе и речиси насекаде, правата на нeвaкцинирaнитe лица едноставно ја губат својата сила. Речиси насекаде владите донесуваат мерки за дискриминација и сегрегација на оние поединци од општеството кои, според свое лично убедување, не сакаат да бидат дел од корона-лудилото.

Токму тоа корона-лудило предизвика една жена, патничка на интерконтинентален лет до Лондон да побара човекот кој треба да седи покрај неа да биде преместен затоа што не бил вакциниран. Нејзината хистерија и инцидентот кој ќе го предизвика ќе мора да биде разрешен лично од пилотот на истиот авион, кој, ни помалку ни повеќе, ќе ја исфрли од него!

Ви го пренесуваме целосниот инцидент:

– “Не е безбедно. Разбирате?,” хистерично започнува жената.

– “Госпоѓо, нема никаков проблем со вашето седиште…”, одговара стјуардесата која се обидува да ја смири ситуацијата.

– “Разбирате ли?” – продолжува жената гласно, со саркастична насмевка.

– “Не, госпоѓо, не разбирам.”

– “Не можете да ме натерате…Не седнувам тука. Работам вредно. Платив за моето седиште, кое ЈАСНО ЌЕ ГО СТАВИ МОЈОТ ЖИВОТ ВО ОПАСНОСТ! Значи, ќе го преместите и ќе биде токму како што велам јас!”

– “Ве разбирам госпоѓо, но ова е преполн авион, не можам да преместам никого.” – стјуардесата сеуште се обидува некако да ја смири жената, но таа никако не се откажува и станува уште подрска…

– “САКАШ ДА ВИКНАМ ПОЛИЦИЈА? САКАШ ДА ЈА ИЗГУБИШ РАБОТАТА? Затоа што сега ги нарушуваш моите права како граѓанин, како човечко битие, НАМЕРНО МЕ СТАВАШ ВО ОПАСНОСТ!”

– “Не сакам никој да биде во опасност…”

– “Епа тогаш, премести го! Не сакам да седам таму! Сакаш да викнам полиција…Сега ќе викнам!”

– “Не можеме да ги преместиме луѓето затоа што не го сакаат тоа.”

Жената продолжува со максимална хистерија:

– “Тој ги нарушува нашите права и нашата безбедност. Го прашав за неговиот ВАКЦИНАЛЕН СЕРТИФИКАТ и тој го нема, затоа што не е вакциниран! Ако сакаш да патуваш мора да имаш маска и да бидеш вакциниран!”

– “Па ти самата не носиш маска,” се јавува некој од позадина.

– “Јас не носам маска затоа што имам астма. Имам здравствени проблеми, имам деца, вакцинирана сум за да ги ЗАШТИТАМ НИВ (?!), намерно го ставаш моето здравје во опасност.”

– “Госпоѓо, ако сакате да бидете на летов мора да седнете на вашето седиште, тоа е седиште за кое сте платиле и тоа е единственото кое е слободно.”

– “НЕ САКАМ ДА ГО ДИШАМ НЕГОВИОТ ВОЗДУХ ЗАТОА ШТО НЕ Е ВАКЦИНИРАН!”

Жената продолжува да тврди дека нејзиниот живот е ставен во опасност и не сака да го заземе нејзиното место, што ќе го предизвика самиот пилот да излезе од неговата кабина и да ја реши ситуацијата.

– “Знам колку е предизвикувачки да се патува со авион во ова време,” започнува пилотот. “НО, НЕМА ДА ПОСТОИ НИКАКВА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО МОЈОТ АВИОН…ВАКЦИНИРАНИ ИЛИ НЕВАКЦИНИРАНИ, НИЕ МОРАМЕ ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ МЕЃУСЕБНО. Како што изгледа, вие имате проблем со тоа. ВЕ МОЛАМ, НАПУШТЕТЕ ГО АВИОНОТ!”

Обезбедувањето ја фаќа жената за рака и тука е крајот на нејзиното патување. Сите други патници реагираат со аплауз. Потоа, пилотот им се обраќа на сите патници уште еднаш: “Се извинувам за доцнењето. Ќе направиме сѐ да ве однесеме во Лондон, Англија на време! Се надевам дека ќе го надоместиме загубеното време. Седнете, релаксирајте се и уживајте во летот!”

И не, ова не е приказна, ова не е бајка, ова е вистински документиран настан, настан од нашето секојдневие. Настан кој е многу сличен со она што и вие, односно и ние се соочуваме секој ден…

Се чини дека вакви инспиративни приказни ќе има сѐ помалку, владејачките авторитети по сѐ изгледа планираат да не им дозволуваат на невакцинираните ниту да пазарат, а не пак да летаат со авион. Но којзнае, можеби хуманоста сепак на крајот ќе победи.

Во продолжение погледнете го целото видео во оригинал:

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom