НАЈНОВА СТУДИЈА ОТКРИВА КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ ПОГОЛЕМА УПОТРЕБА НА МАСКИ И СМРТНИ СЛУЧАИ ОД KOBИД-19

НАЈНОВА СТУДИЈА ОТКРИВА КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ ПОГОЛЕМА УПОТРЕБА НА МАСКИ И СМРТНИ СЛУЧАИ ОД KOBИД-19

Оваа неодамнешна студија ја анализираше корелацијата помеѓу употребата на маски од една страна, и морталитетот (стапките на смртност) и морбидитетот (стапките на заболување) од друга страна, зимата 2020-2021 година во Европа. Биле искористени „податоци од 35 европски земји за морбидитетот, смртноста и употребата на маски во период од шест месеци“.

Студијата заклучува дека „иако не може да се изведат причинско-последични заклучоци од оваа опсервациска анализа, недостатокот на негативни корелации помеѓу употребата на маски и бројот на заразени, како и смртни случаи од/со KOBИД-19, сугерира дека широката употреба на маски во време кога ефективната интервенција била најмногу потребна, т.е. за време на силниот есенско-зимски бран 2020-2021 година, не била во можност да го намали преносот на KOBИД-19. Покрај тоа, умерената позитивна корелација помеѓу употребата на маски и смртните случаи во Западна Европа, сугерира дека универзалната употреба на маски можеби имала и штетни несакани последици“.*

Да се потсетиме: иако корелацијата не имплицира неминовен каузалитет, недостатокот на кореалација имплицира непостоење на каузалитет. Така што ова студија, иако не ја докажува недвосмислено штетноста на масовна употреба на маски, успева да ја раскринка позицијата дека маските се несомнено и универзално корисни и дека спасуваат животи.

Студијата е достапна на линкот подоле, а е објавена во списанието Cureus за медицински науки, од страна на Бени Спира, доктор на науки по микробиологија и Вонреден Професор по Инфектологија на Универзитетот во Сао Паоло, Бразил.

https://www.cureus.com/articles/93826-correlation-between-mask-compliance-and-covid-19-outcomes-in-europe

Инаку, за оние кои се заинтересирани, два извори прават многу опсежна анализа на објавени, рецинзирани и кредибилни научни студии кои зборуваат за корисноста (или недостатокот од неа) при користење на маски како средство за спречување на пренос на KOBИД-19 и други респираторни вируcи.

Едниот избор е Американската Асоцијација на Лекари и Хирурзи:

а другиот е Браунстоун Институтот:

*Ако ве интересира како е тоа можно, оваа статија дава едно од многуте можни објаснувања: https://off.net.mk/vesti/mislenja/kako-zadolzhitelnite-maski-vlijaeja-na-suzbivanje-na-zarazata-vo-hrvatska

и секако:

https://off.net.mk/nabrzinka/otkako-vovela-zadolzhitelni-maski-hrvatska-ima-60-pogolema-smrtnost-od-shvedska

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!