НАРАТИВОТ ПОЧНУВА ДА ПУКА ПО ШАВОВИ - НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ВО САД

НАРАТИВОТ ПОЧНУВА ДА ПУКА ПО ШАВОВИ – НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ВО САД

Запрашани да погледнат наназад на пaндемијата и да ги проценат препораките за експертите за јавно здравство насочени кон ограничување на ширењето на Кoвид-19, само околу половина од Американците сега мислат дека маските и вaкцините биле многу ефикасни или исклучително ефикасни.

Тоа е откритието на новото истражување на Pew Research центарот на повеќе од 10.000 возрасни испитаници, кое дава увид во размислувањето на Американците за многу аспекти на пaндемијата.

Само 48% мислат дека „носењето маски околу други луѓе во затворен простор“ било исклучително или многу ефикасно; 23% им даваат на маските преодна, „беа донекаде ефективни“ оценка. Пркосејќи им на две години проповедање за јавно здравје, 28% велат дека или „не се премногу“ или „воопшто не се ефективни“.

Се прашуваме… колку проценти од Американците знаат дека дупките во хируршките маски се до 1.000 пати поголеми од честичките Кoвид-19? Со оглед на неконтролираното ширење на инфекции и режимот што ги турка луѓето кон четврта доза инјекции, не е изненадувачки што само 55% од Американците велат дека вaкцините биле исклучително или многу ефикасни во ограничувањето на ширењето на Кoвид. Навистина, тоа е пред се доказ за успешноста на јавно-здравствениот апарат и неговите главни медиумски гласноговорници што бројот не е уште и помал.

Американците се сериозно загрижени за ефектот на пaндемијата и интервенциите на јавното здравје врз учениците: 62% велат дека премал приоритет е даден на задоволување на образовните потреби на учениците од 5-16 години старосната група. Во текот на пандемијата и затворањето на училиштата поврзани со неа, Американците беа сведоци не само на тешка „загуба на наставни /едукативни активности“, туку и на нагло зголемување на малолетничката анксиозност, депресија и обиди за самоубиство. Дури и кога училиштата се отворија за настава лично, штетата на учењето продолжи со бесмисленото задолжително носење маски кај децата, што ја попречува комуникацијата и им штети на социјалните интеракции. На прашањето да ги оценат „службениците за јавно здравје, како што се оние во Центарот за Контрола на Болестите“, само околу половина од Американците велат дека направиле одлична или добра работа.

Еве една листа со други наоди од истражувањето на Pew survey:

  • Од април 2020 година до денес, процентот на загриженост дека ќе бидат хоспитализирани поради Кoвид е намален за повеќе од половина, од 79% на 34%
  • 46% од Американците или биле позитивно тестирани за Кoвид-19 или се прилично сигурни дека го имале
  • 49% од Американците се целосно вакцинирани (кај нив тоа значи 2 дози) и плус имаат примено екстра доза во последните шест месеци
  • 56% од целосно вaкцинираните републиканци се со трета доза, во споредба со 75% од целосно вaкцинираните демократи
  • 60% од републиканците се целосно вaкцинирани, во споредба со 85% од демократите.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!