nasa

НАСА КОЈА НЕ МОЖЕ ДА ЛАНСИРА РАКЕТА ДО МЕСЕЧИНАТА, СЕГА ПЛАНИРА ДА УНИШТИ АСТЕРОИД И ТОА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО (ВИДЕО)

По последните неуспешни обиди да се стигне до Месечината три пати досега со ракетата Артемида 1, а да не зборуваме за спектакуларното „слетување“ на Месечината во 69 и Аполо 11, најновата мисија на забавната програма на НАСА е вселенското летало Дарт што удира во астероидот Диморфос некаде далеку, на околу 11 милиони километри од Земјата.

vesnik-monika-slika

Во програмата на НАСА утре околу полноќ се очекува целосно уништување на вселенското летало од 330 милиони долари кое ќе се судри со астероидот со брзина од седум километри во секунда, а сето тоа во име на планетарната одбрана.

Астероидот Диморфос не претставува закана за Земјата, а судирот со леталото Дарт (тест за двојно пренасочување на астероидот) е експеримент за да се утврди дали е можно да се пренасочат вселенските карпи во случај тие да претставуваат опасност за планетата.

Експертите сакаат да видат дали прецизниот удар може да го турне астероидот доволно за да го оттргне од сегашниот тек, за, доколку е потребно, човештвото еден ден да ја избегне судбината на диносаурусите.

Ова е комплицирана игра на вселенски билијард. Она што сакаме да го постигнеме е да искористиме што е можно повеќе од кинетичката енергија од Дарт за да го придвижиме астероидот – објаснува професорот Алан Фицсимонс, астроном и член на тимот на НАСА Дарт.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!