НАСИЛНИК ГИ ИСЕКОЛ ЦЕВКИТЕ ЗА ДОВОД НА МЕДИЦИНСКИ ГАС ВО ЗАВОДОТ ЗА НЕФРОЛОГИЈА ВО СТРУГА

НАСИЛНИК ГИ ИСЕКОЛ ЦЕВКИТЕ ЗА ДОВОД НА МЕДИЦИНСКИ ГАС ВО ЗАВОДОТ ЗА НЕФРОЛОГИЈА ВО СТРУГА

За брзо време ќе бидат санирани оштетените бакарни цевки на централниот довод на медицински гас до операциската сала во Специјалната болница за нефрологија во Струга, изјави за МИА директорот Александар Попоски, според кого, ова е второ оштетување на цевките за довод на медицински гас во болницата.

МВР денеска информираше дека Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, пријавил оти непознат сторител насилно дејствувал на цевките на централниот довод.

„На 17 март во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, односно вчера до 10.05 часот,  непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот,“ стои во МВР билтенот.

Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МИА

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!