НАТО ВО ПАНИКА! СТОЛТЕНГЕБЕРГ: ОВА Е ОПАСНОСТ ЗА СИТЕ НАС, ПОЧНУВА КЛУЧНА ФАЗА ОД ВОЈНАТА (ВИДЕО)

НАТО ВО ПАНИКА! СТОЛТЕНБЕРГ: ОВА Е ОПАСНОСТ ЗА СИТЕ НАС, ПОЧНУВА КЛУЧНА ФАЗА ОД ВОЈНАТА (ВИДЕО)

„Она што сега го гледаме е бруталност од размери што не сме ги виделе во Европа од Втората светска војна“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел. „И ова е исклучително сериозно. Страшно е и, се разбира, предизвикува страдање на украинскиот народ“, рече тој.

„Но, тоа е исто така опасно за сите нас. Ја гледаме и природата на војната на претседателот Путин, неговото непочитување и на владеењето на правото, меѓународните правила, како и непочитување на основните човекови права“, додаде тој.

Тој рече дека Москва не се откажува од својата офанзива врз Украина, но ќе се обиде повторно да се фокусира на целосно окупирање на регионот Донбас во наредните недели.

„Сега гледаме значително поместување на (руските) трупи од Киев со цел да се прегрупираат, повторно да се вооружат, да се снабдат и да го префрлат фокусот на исток“, рече тој.

„Во следните недели очекуваме натамошни руски дејствија во источна и јужна Украина за да се обидат да го окупираат целиот Донбас и да создадат копнен мост до окупираниот Крим“.

„Значи, ова е клучна фаза од војната“, предупреди Столтенберг.

Тој ја прозва Кина дека „не сака да ја осуди руската агресија“, обвинувајќи ја дека „се приклучува на Москва во преиспитувањето на правото на народот да го избере сопствениот пат“.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!