фда 2076

НЕ, НЕ Е ШЕГА! ФДА (АМЕРИКАНСКАТА ДИРЕКЦИЈА ЗА ХРАНА И ЛЕКОВИ) БАРА ОД СУДОТ РОК ДО 2076 ЗА ДА ГИ ОБЈАВИ СИТЕ ПОДАТОЦИ ОКОЛУ BAKЦИHATA ЗА KOBИД-19?!

Ќе почекаме уште само 55 години, зарем постои некаков проблем?!

ФДА (Американска Дирекција за Храна и Лекови) побарала од федералните судии рок до 2076 година, за да ги обелодени сите податоци околу вакцината на Фајзер пред јавноста. И не, не е печатна грешка. ФДА смета дека им требаат уште 55 години за да ги соопштат овие информации до јавноста.

Претходно, ФДА неколку пати вети “целосна транспарентност” околу вакцините за ковид-19, потврдувајќи ја нивната посветеност кон транспарентноста, во моментите кога ја дадоа лиценцата за вакцината за ковид-19 од производителот Фајзер.

Земајќи го в предвид тоа ветување, во август годинава, повеќе од 30 академици, професори и научници од најпрестижните универзитети во САД, ги побараа податоците, односно информациите кои Фајзер ги поднесол до самата ФДА, а во врска со лиценцирањето на нивната вакцина за ковид-19.

Одговорот на ФДА? Апсолутно ништо!

Така, веќе во септември, поднесена е тужба против ФДА, во името на оваа група на професори и научници кои побараа, нo не добија никакви информации.

До денес, три месеци по лиценцирањето на вакцината на Фајзер, ФДА сеуште не објави ниту една единствена страница од овие податоци. Ниту една!

Наместо тоа, пред 3 дена ФДА побара од федералните судии рок до 2076 за целосно обелоденување на податоците! ФДА побара од судиите да ги доставува документите од Фајзер околу лиценцирање на вакцината, со стапка од 500 страници месечно, иако вкупната документација изнесува неверојатни 329.000+ страници, што значи дека тие би биле потполно обелоденети за јавноста не порано од 2076 година!

На ФДА им беа потребни само 108 дена да ги разгледаат овие 329.000+ страници документација од почетокот на доставувањето на документи од страна на Фајзер за лиценцирање на вакцината (7 мај 2021), до нејзиното официјалното одобрување на лиценца (23 август 2021).

Според зборовите на ФДА, од нивна страна била спроведена “интензивна, силна, сеопфатна и комплетна анализа на фајзеровите документи, како би се увериле дека вакцината на Фајзер е безбедна и ефикасна за лиценцирање.”

Додека за интензивниот преглед на целосната документација, на ФДА им биле потребни 108 дена, сега бараат рок од 20.000 денови за да ги направат истите документи достапни за јавноста.

Веројатно сега би требало да ви е барем малку појасно што се случува, особено на оние што со неверување го проследија последното “газење” на уставно-загарантираните фундаментални човекови слободи и права од страна на македонската влада, а и од речиси сите други влади ширум планетата.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom