НЕКОЈ ВО КАЛИФОРНИЈА НЕ Е НОРМАЛЕН...

НЕКОЈ ВО КАЛИФОРНИЈА НЕ Е НОРМАЛЕН…

Минатиот четврток, пред само една недела, Калифорнија донесе одлука да ја забрани продажбата на автомобили на бензин и нафта од 2035 година. Значи, ќе може да се купат само електрични возила. Сево ова со цел „да се намали емитувањето на јаглерод диоксид“… Да не навлегуваме во невистинитоста на тоа тврдење, оваа американска држава донесе своја одлука која веројатно ќе ја следат и низа на некои други држави предводени од Демократите.

Сепак, вчера, само 6 дена по оваа одлука доаѓа нов шок – т.н. Калифорниска Електродистрибуција носи одлука (засега на доброволна база) за луѓето да не ги полнат своите електрични автомобили во период од 31 август до 6 септември поради недостаток на струја…

Веројатно властите очекуваат луѓето да се префрлат на возење велосипеди, ако воопшто ги има, затоа што навистина ретко може да се најдат во последниов период ширум Америка…

Социјалните мрежи во САД вријат, едноставно во Калифорнија (па и секаде низ светов) некој навистина не е нормален.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!